Митко Тошев
Митко Тошев (Струмица, 18 јуни 1972) е познат македонски сликар и вајар. Работи како професор по ликовна уметност во гимназијата ,,Јане Сандански" во Струмица.
Митко Тошев | ||
Роден | 18 јуни 1972 Струмица, СФРЈ денешна Република Македонија | |
---|---|---|
Занимање | вајар и сликар |
Биографија
уредиМитко Тошев своето ликовно творештво го почнува на 5 годишна возраст, а веќе на 10 години приредува серија на изложби. Уште тогаш е наречен "чудо од дете". Во неговиот развој како ликовен уметник голема е помошта од еминентниот ликовен педагог и професор, Петар Мазев, кој оценувајќи дека има огромен потенцијал го носи на Бриони, кај Јосип Броз - Тито, каде Тошев на маршалот му изработил портрет во живо. Веќе на 11 годишна возраст го свртува вниманието на ликовната јавност, со успешното претставување на самостојни ликовни изложби.
Твори во сите медиуми-платно, дрво, мермер, стакло, порцелан, керамика и други, но сепак се издвојувува неговото знаење и талент во изработката на портрет како најтешка дисциплина во ликовното творештво и тоа на тема портрети во бронзен, сребрен и златен медал.
Автор е на бронзена статуа со ликот на трагично загинатиот македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена Тоше Проески, која им ја подари на родителите на Тоше.
Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за хуманист статуетка на Мајка Тереза.
Денес Митко Тошев е професор по ликовно воспитување во струмичката гимназија "Јане Сандански".
Творештво
уредиПортрет во живо на поранешниот Претседател на САД, Бил Клинтон, овој портрет денес се наоѓа во Американската Амбасада во Скопје - 1999 година. Во 2003 г. изработува портрет во позлатена бронза на поранешниот Претседател на НАТО алијансата сер Џорџ Робертсон, портретот се наоѓа во канцеларијата во седиштето на НАТО во Брисел. Автор е на портретот на Мајка Тереза изработен во техника релјеф во позлатена бронза, подарено од поранешниот Претседател на Р Македонија Борис Трајковски на неговата светост папата Јован Павле II, ова дело денес се наоѓа во собата на папата во Ватикан во Рим. Автор е на портретот на златен медал на поранешниот Претседател на САД, Џорџ Буш кој се наоѓа во Белата куќа-Вашингтон САД. Автор е на портрет во позлатена бронза на Папата Бенедикт XVI . Автор е на портретот на бронзената статуа на Тоше Проески во 2007 година. Автор е на портрет Скулптурата на поранешниот Претседател на Р Македонија Борис Трајковски, која се наоѓа во спомен собата на Мајка Тереза во Скопје. Автор е и на бистата на Ристо Шишков кој се наоѓа пред домот на културата во Струмица. Автор е на споменикот на македонскиот пејач Гоце Арнаудов, кој се наоѓа во малиот градски парк во Струмица.
Изложби
уредиМитко Тошев првата ликовна изложба ја одржа во 1982 г. на 10 годишна возраст во домот на армијата во Струмица со серија на изложби, ”Портрети на Јосип Броз Тито” и серија на изложби со над 50 портрети на ликови од Илинденската епопеја меѓу кои се издвојува ликот на Гоце Делчев кој е репродуциран во 10.000 примероци кои дел се испраќаат во диjаспората Австралија, Америка и низ Европа. Во МАНУ 1988 година организира изложба портрети масло на платно со македонски револуционери. Изложбата со портретите патуваше низ градовите Чикаго, Њујорк, Рочестер, Белград, Нови САД, Приштина, Сараево.
Во 1985 година победува на меѓународен натпревар во Москва со портрети во монументална димензија на фреско техника.
Во 1988 година одржува ликовна изложба во Струмица во Домот на Културата - на тема Македонски револуционери од илинденската епопеја.
Во 1989 година одржува изложба на тема македонски фолклор во чест на манифестацијата Гоцеви Денови во градовите: Приштина, Нови Сад, Белград, Сараево, Торонто, Чикаго, Сиднеј, Мелбурн.
Во чест на децата бегалци одржува изложба во Македонската Академија на Науките и Уметностите во Скопје.
До денес има одржано повеќе самостојни изложби во земјата и странство. Посебно место во неговиот уметнички опус земаат портретите.
Наводи
уреди1. Митко Тошев, (Каталог - енциклопедија со портрети на македонските револуционери) - 1989 г.
2. С.Т., Окото е совршено оружје Утрински весник, 16 октомври 2006 г.[мртва врска]
„Митко Тошев“ на Ризницата ? |