Покровник (Петричко)
Покровник (бугарски: Дрангово од 1932, во периодот од 1951-1962 - бугарски: Свобода[1]) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Покровник Дрангово | |
---|---|
Влезот на селото | |
Координати: 41°25′N 23°17′E / 41.417° СГШ; 23.283° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Петрич |
Површина | |
• Вкупна | 8.622 км2 (3,329 ми2) |
Надм. вис. | 192 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 488 |
• Густина | 0,057/км2 (0,15/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2859 |
Повик. бр. | 0745 |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на магистралниот пат Петрич - Гоце Делчев, 7 км од Петрич и 12 км од Кулата. Сместено е на северните падини на Беласица. Климата се одликува со топли и суви лета, благи и дождливи зими. Често има режим на вода во текот на летните месеци. Во селото нема невработеност. Атарот на селото зафаќа простор од 8.622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 192 метри.
Историја
уредиСелото било создадено по крајот на Балканските војни во 1913 година од бегалците од Егејска Македонија, кои Грците ги протерале од нивните родни места. Овде биле сместени бегалци од селата Спатово, Дервент и Ерниќој. Прват местоположба на селото е спротивна на нејзината сегашна.
Во октомври 1925 година, за време на грчко-бугарскиот граничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото било окупирано од грчката армија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 277 | 446 | 492 | 539 | 552 | 569 | 545 | 521 | 528 | 488 |
Културни знаменитости
уреди- Војнички споменик Дрангова чешма, изградена во 1916 година
- Биста на полковникот Борис Дрангов.
- Бугарски храм „Св. Петка“
- Капела „Свети Илија“
Наводи
уреди- ↑ А.М. Чолева-Димитрова, Селищни имена от Югозападна България, 2002, Pensoft Publishers, ISBN 9546421685, 9789546421685, стр. 57
- ↑ 2,0 2,1 „Справка за населението на с. Дрангово , общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.