Милош Милоевиќ
Милош С. Милоевиќ (српски: Милош С. Милојевић; 16 октомври 1840 - 24 јуни 1897) — српски историчар, политичар и писател, еден од идеолозите на српската пропаганда во Македонија и големосрпството на Балканот како целина.
Милош Милоевиќ | ||
Роден | 16 октомври 1840 Црна Бара, Кнежевство Србија | |
---|---|---|
Починал | 24 јуни 1897 Белград, Кралство Србија | (возр. 56)|
Занимање | историчар, политичар. писател |
Животопис
уредиРоден е во 1840 г. во с. Црна Бара, западна Србија, во семејство на свештеник. Основното образование го стекнал во Глоговац, а учел гимназија во Белград. Потоа две години учел правни науки во Белградскиот лицеј (1859-1862). Заминал во Москва, каде три годни Историско-филозофското одделение на Филозофскиот факултет при Московскиот универзитет, но не ги звршил студиите.[1]
По враќањето во Србија, стапил во судска служба, а потоа станал наставник и директор во гимназиите во Валево, Белград и Лесковац. За време на Српско-турските војни (1876 и 1878 г.) ги предводел Ибарските доброволци.
Доста пропатувал низ Косово, Поморавјето и Македонија, со цел да ги осознае тие краишта и „Србите“ во Македонија, и со тоа да ја потпомогне пропагандата за српското „освестување“ на населението.
По смртта на кнезот Михајло Обреновиќ (1823-1868), а на иницијативa на српскиот државник Јован Ристиќ (1831-1899) и белградскиот митрополит Милое-Михаило М. Јовановиќ (1826-1898) во август 1868 г. е создаден Одбор за училишта и учители во Стара Србија, Македонија и Босна и Херцеговина во кој Милоевиќ учествувал како активен деец.[2][3][4][5]
Одборот без престан равотел до 1876 г., кога избиле српско-турските војни.
В 1873 г. Милоевиќ со помош на Коста Шуменковиќ издал историско-етнографска карта на „српските земи“. Првата варијанта претрпела низа променети изданија низ годините со распадот на СФРЈ. Оваа карта ја потпомогнала идеологијата на големосрпската доктрина и имала значајно влијание врз многуте поколенија ученици под пропагандата за воспитување во духот на српска (или југословенска) припадност.
Во 1870 г. е предложен од Матија Бан за еден од членовите на Одборот за Македонија, со пододбори низ цела Стара Србија и Македонија како во Врање, Скопје, Тетово, Куманово, Призрен, Кичево, Прилеп, Костур, Охрид итн[6].
Во 1886 г. бил еден од основачите на друштвото „Свети Сава“, кое имало за цел да го пропагира српството во Македонија.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Раденковић, Љубинко (2005). „Кривотворење фолклора и митологије: Неки словенски примери“. Зборник Матице српске за књижевност и језик (Нови Сад: Матица српска) 53 (1–3), стр. 34-36
- ↑ Џамбазовски, Климент: „Нови прилози историји културно-политичких односа македонског и српског народа“, Југословенски историјски часопис 1/1964, (Београд: Савез друштава историчара Србије, 1964, стр. 66)
- ↑ „Историја српског народа“, Део I, (Београд: Српска књижевна задруга, 1994, стр. 499)
- ↑ Поповић, Даница: „Манастир Св. Тројице Русинице успони и разарања“ (стр. 31-48), Историјски часопис Књ. XLV-XLVI (Београд: Историјски институт Српске академије наука и уметности, 2000, стр. 41)
- ↑ Недељковић, Славиша Р.: „Деловање одбора за школе и учитеље у српским областима у Македонији од 1868. до 1876. године“ (стр. 283-306), Вардарски зборник 8 (Београд: Српска академија наука и уметности, 2011, стр. 288-289)
- ↑ Арсић, Ирена: „Матија Бан и покушај оснивања Друштва Светог Саве“ (стр. 64-75), Братство IX (Београд: Друштво „Свети Сава“, 2005, стр. 67)
- ↑ Друштво Свети Сава[мртва врска]