Луд по Ејми (англиски: Chasing Amy) е американски филм од 1997 година, во режија на Кевин Смит. Главните улоги ги толкуваат: Бен Афлек, Џои Лорен Адам, Итан Сапли, Скот Мосие, Џејсон Ли, Мет Дејмон итн. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус

Содржина

уреди

Холден (го игра Афлек) е популарен андерграунд уметник кој со својот долгогодишен пријател Банки (го игра Ли) го создава култниот стрип „Искренко и Давеж“. Стрипот му носи голема популарност и голем успех кај девојките. Двајцата другари се сложуваат извонредно, додека не ја запознаат згодната Алиса (ја игра Лорен Адамс), која, исто така, црта стрипови. Холден смета дека тој и Алиса се создадени еден за друг, но дознава дека таа е лезбијка. И покрај тоа, тој сака да бидат заедно. Додека тие се во врска, Банки е лут и несреќен, а вистинскиот судир се случува кога Холден ќе дознае сè за нејзиното минато.[1] [2] [3]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 15.
  2. „Луд по Ејми“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 21.
  3. „Љубовта го става пријателството на тест“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 3.