Поле на соништата

Поле на соништата (англиски: Field of Dreams) е американски филм од 1989 година, во режија на Фил Алден Робинсон. Главните улоги ги играат: Кевин Костнер и Реј Лјота. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во три категории.

Содржина уреди

Фармерот од Ајова, Реј Кинсела слуша чудни гласови, кои му наредуваат да ја преора нивата со пченка и да ја претвори во терен за безбол. На почетокот, теренот ги привлекува духовите на одамна починатите ѕвезди на безболот, но подоцна станува место на кое луѓето ги остваруваат своите соништа.[1][2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 25.
  2. Антена, број 869, 20.2.2015, стр. 21.