Добриот Вил Хантинг
„Добриот Вил Хантинг“ (англиски: Good Will Hunting) е американски филм од 1997 година, во режија на Гас ван Сант. Главните улоги ги толкуваат: Мет Дејмон, Робин Вилијамс, Мини Драјвер и Бен Афлек. Филмот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и две награди „Оскар“, и тоа за најдобро оригинално сценарио и за најдобра споредна машка улога (Вилијамс). Исто така, филмот бил награден и со „Златен глобус“ за најдобро сценарио во игран филм.[1]
„Добриот Вил Хантинг“ | |
---|---|
Режисер | Гас Ван Сант |
Продуцент | Лоренс Бендер |
Сценарист | Мет Дејмон Бен Афлек |
Главни улоги | Робин Вилијамс Мет Дејмон Бен Афлек Стелан Скарсгард Мини Драјвер |
Музика | Дени Елфмен |
Кинематографија | Жан-Ив Ескофиер |
Монтажа | Пјетро Скалиа |
Студио | Be Gentlemen |
Дистрибутер | Miramax Films |
Премиера | декември 2 1997(Бруин театар) декември 5 1997 (САД) |
Времетраење | 126 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $10 милиони |
Бруто заработка | $225.9 милиони |
Содржина
уредиВил Хантинг е бунтовно момче на возраст од 20 години со висок коефициент на интелигенција, кој наместо да студира, работи како домар на МИТ. Детството го поминал во дом за сираци и затоа страда од комплекс на пониска вредност. Кога професорот по математика, Ламбо, им задава задача на своите студенти, Вил ја решава задачата анонимно, но набрзо професорот го открива неговиот идентитет и талент, му поставува услов: ако сака да го избегне затворот, Вил ќе мора да посетува часови по математика и по психологија за да го скроти бунтовниот темперамент. Неколку терепевти се обидуваат да го скротаат Вил, но тој ги исмејува и тие не успеваат. Подоцна доаѓа терапевтот Шон Магуир, кој е добар пријател на Ламбо и професор по психологија во еден факултет. За разлика од другите, Шон успева на некој начин да го скроти Вил и на тој начин тие постепено стануваат и добри пријатели. Шон, во една прилика, му кажува приказна за тоа како се запознал со неговата покојна сопруга и оваа приказна го погодува Вил. Вил води врска со британска студентка Скајлар, но не ѝ открива за неговиот приватен живот. Ламбо се обидува да го вработи Вил, но Вил ги одбива сите работни позиции. Додека Скајлар му открива на Вил дека ќе оди во Калифорнија и дека сака и тој да дојде со неа, но тој за првпат ѝ кажува за неговиот приватен живот и раскинува со неа. Вил исто така одлучува повеќе да не решава математички задачи за Ламбо. Ламбо и Шон се караат за Вил и меѓусебно се обвинуваат. Вил дури и слуша една од нивните расправии, а потоа има последна сесија со Шон. Шон го убедува Вил дека не е тој крив за неговиот бунтовен темперамент и дека треба да го следи својот сон. Шон набрзо се помирува со Ламбо и одлучува да замине за Калифорнија за повторно да се соедини со Скајлар со својот нов автомобил Шевролет Нова, кој му го подариле неговите пријатели за роденденот.[2][3]
Улоги
уреди- Мет Дејмон како Вил Хантинг
- Робин Вилијамс како Шон Мегваер
- Бен Афлек како Чаки Суливан
- Стелан Скарсгард како професорот Џералд Ламбо
- Мини Драјвер како Скајлар
- Кејси Афлек како Морган О'Мели
- Кол Хајсер како Били Мекбрајд
- Џон Мајтон како Том
- Скот Вилијам Винтерс како Кларк
- Џими Флин како судијата Џорџ Х. Мелоун
- Кристофер Бритон како извршен директор
- Алисон Фоланд како студент на МИТ
- Џорџ Плимптон како Хенри Липкин
Наводи
уреди- ↑ Добри Вил Хантинг (пристапено на 24.2.2024)
- ↑ „Трогателна приказна за едно неочекувано пријателство“, Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 3.
- ↑ „Добриот Вил Хантинг“, Антена, број 873, 20.3.2015,стр. 15.