Покојните (англиски: The Departed) е американски трилерфилм на Мартин Скорсезе од 2006 год. Во 2007 година, филмот освоил четири награди на 79. доделување на „Оскар“, и тоа за: за најдобар филм, за најдобар режисер (Мартин Скорсезе), за најдобра монтажа и за најдобро сценарио по книга/филм, додека Марк Волберг бил номиниран за најдобра споредна машка улога.[3] Главните улоги ги толкуваат: Леонардо Ди Каприо, Мет Дејмон, Џек Николсон, Марк Валберг, Мартин Шин, Реј Винстон, Вера Фармига, Ентони Андерсон и Алек Болдвин. Исто така, во 2007 година, Скорсезе ја добил и наградата „Златен глобус“ за најдобра режија.[4][5][6] Филмот е римејк на хонгконшкиот криминалистички трилерПеколни работи“.[7][8] Филмот се наоѓа на списокот на 250 најдобри филмови во кинематографијата на порталот „ИМДБ“.[9]

„Покојни
(The Departed)“
РежисерМартин Скорсезе
ПродуцентБред Пит
СценаристФеликс Чонг
Главни улогиЛеонардо Ди Каприо
Мет Дејмон
Џек Николсон
Марк Волберг
Жанркрими, трилер, акција
МузикаХауард Шор
ДистрибутерWarner Bros
Времетраење151 мин.[1]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$90 милиони[2]
Бруто заработка$291.465.373[1]

Содржина

уреди

Дејството на оваа криминалистичка драма се одвива во јужен Бостон, каде што цвета криминалот. Додека полицијата се бори да ја совлада ирската мафија, полицискиот капетан Квинан и полковникот Дигнам доаѓаат до идеја да инфилтрираат полицаец во редовите на мафијата. Таа задача ја добива младиот полицаец Били Костиган (го игра Леонардо Ди Каприо), кој се труди да стекне углед меѓу колегите. Меѓутоа, истовремено, криминалецот Колин Суливан (го игра Мет Дејмон), кој го знае Френк од кога бил детеж, успешно влегува во редовите на полицијата и за сите планови го известува мафијашкиот шеф Френк Костело ([го игра Џек Николсон). Во меѓувреме, Колин влегува во врска со полицискиот психијатар Медолин Меден, а исто така и Били влегува во врска со неа. Набрзо потоа, Суливан доби задача од Френк да го најди информаторот во неговата организација, откако Френк успешно избегна уапсување. Во меѓувреме, Били собира собира докази против Френк, иако е свесен за опасноста ако Френк дознае дека тој работи против него. Тој ги следи Френк и Колин во еден порно театар, каде го прислушкува и снима нивниот разговор. Колин сепак го здогледува Били надвор од театарот, ама не може да го препознае и го изгубува, а потоа не може ни да го идентификува, а и Били не може да го идентификува него. Суливан им наредува на своите луѓе секаде да го следаат полицискиот капетан Квинан, потоа дознава дека Квинан ќе се сретнува со информаторот, иако не знае дека тој е Били, и ги испраќа луѓето на Френк да ги убијаат двата. Били се сретнува со Квинан на покривот на една зграда, ама потоа е принуден да избега кога дознава дека луѓето на Френк се таму. Луѓето на Френк го фрлаат Квинан од здрадата до својата смрт, пред нозете на Били, а тој се преправа дека задоцнил и дека бил со нив. Луѓето на Френк влегуваат во пукотница со полицијата и има жртви кај двете страни. Човек на Френк, Тимоти Делахант знае дека Били работи за полицијата, но одлучува да не го предаде и умира од своите рани. Подоцна телевизиските вести откриваат дека Деланахт бил полицаец кој работел за бостонската полиција. Дигнам е принуден да поднесе оставка, кога влегува во кавга со Суливан околу тоа што тој наредил да го следаат капетанот Квинан, а и знае дека Суливан прави илегални работи. Тогаш, Суливан дознава за идентитетот на Костиган и за неговата вмешаност во сето оваа, како и тоа дека Костело бил всушност информатор за ФБИ. Со помош на Костиган, а кога и Суливан одлучува да работи против Френк, полицијата дознава за локацијата на Френк и извршува операција против него. Повеќето од организација на Френк е ликвидирана, а потоа и самиот е ликвидиран од страна на Колин откако признава дека бил информатор за ФБИ. Костиган сѐ уште не знае за идентитетот на Суливан и оди кај него за да си го поврати идентитетот и за да си ја добие награда поради неговите заслуги против Френк, ама Костиган набрзо дознава дека Суливан бил непријателот и дека работел за Френк. Медолин му кажува на Суливан дека е бремена, иако не му кажува за нејзината врска со Костиган. Набрзо и таа дознава дека Колин бил вмешан со Френк, откако Костиган и дава ЦД кое ја содржи снимката на разговорот помеѓу Френк и Колин. Колин се обидува да ја смири, но таа го остава. Потоа Колин го контактира Били и тие двајцата се согласуваат да се сретнаат на покривот на здрадата каде што умрел Квинан. Кога стигнува на покривот, Колин е уапсен од Били, кој му става лисици на него. Набрзо доаѓа и труперот Браун, кој бил ангажиран од Били да дојде таму, заедно со Дигнам, но Дигнам не се појавува. Браун го вперува пиштолот на Костиган, но тој го смирува, велејќи дека Суливан работел за Френк. Били слегува со Колин во лифтот, но кога излегува, тој е убиен од труперот Бариган. Бариган го убива и Браун и му открива на Суливан дека и тој работел за Френк, но Суливан го пука в глава кога тој не го гледа, одлучувајќи да го убие за да си го заштити идентитетот. Суливан учествува на погребот на Костиган, каде Костиган добива пост-животен медал за неговите заслуги. Суливан се обидува да се смири со Медолин, но таа го игнорира. Суливан се враќа во неговиот стан, каде е пречекан од страна на Дигнам и знаејќи што го чека, вели "Добро". Дигнам го крева својот пиштол и го застрелува Суливан, одмаздувајќи ги Костиган и Квинан.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Леонардо Ди Каприо Вилијам Костиган
Мет Дејмон Колин Суливан
Џек Николсон Френк Костело
Марк Волберг Шон Дигнам
Мартин Шин Оливер Квинан
Вера Фармига Медолин Меден
Реј Винстон Арнолд "Френчи" Френч
Ентони Андерсон Браун
Алек Болдвин Џорџ Алерби
Кевин Кориган Шон Костиган
Џејмс Беџ Дејл Бариган
Давид О'Хара "Фитзи" Фитзгибонс
Марк Ролстон Тимоти Делахант
Роберт Волберг Френк Лазио
Кристен Далтон Гвен Костело

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 https://www.boxofficemojo.com/title/tt0407887/
  2. "The Departed (2006)". Box Office Mojo. IMDb. Retrieved 2011-06-22.
  3. „Заплеткана брканица меѓиу мафијата и полицијата“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 3.
  4. "Infernal Affairs vs. the remake, The Departed" Архивирано на 18 март 2011 г.. Film.com. Retrieved 2011-06-22.
  5. „Смртоносна игра на скриени идентитети“, Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 25.
  6. IMDB, Martin Scorsese, Awards (пристапено на 23.10.2014)
  7. „Warners pays to have 'Affairs'. (News).(Warner Bros. Pictures buys remake rights to 'Infernal Affairs')(Brief Article) | HighBeam Business: Arrive Prepared“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2022-01-29.
  8. Hayes, Dade; Hayes, Dade (2006-12-15). „Brad Pitt's role as filmmaker threatens to eclipse his actorly exploits and tabloid profile“. Variety (англиски). Посетено на 2022-01-29.
  9. voters, regular IMDb. „Top 250 Movies“. IMDb. Посетено на 2022-01-29.

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>