Талентираниот господин Рипли

Талентираниот господин Рипли (англиски: Talented Mr. Ripley) е американски филм од 1999 година, во режија на Ентони Мингела. Главните улоги ги толкуваат: Мет Дејмон, Гвинет Палтроу, Џад Ло, Кејт Бланшет и Филип Сејмур Хофман.

Содржина уреди

Дики Гринлиф (го игра Ло) живее со својата девојка марџ Шервуд (ја игра Палтроу) лесен, удобен живот во идиличен, сончев предел во Италија во 1950-тите. Но, токму за таков живот копнее Том Рипли (го игра Дејмон). Кога таткото на Дики (кој е богат бродоградител) ќе го замоли Том да го врати неговиот син назад во САД, тој им се придружува во Италија, но притоа има таен план како да го присвои нивниот живот. За таа цел, тој се служи со лаги и фалсификати.[1] [2]

Наводи уреди

  1. „Талентираниот господин Рипли“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 15.
  2. „Талентираниот г-дин Рипли“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 16.