Кајлари

град во Егејска Македонија
(Пренасочено од Кајлар)

Кајлари или Кајлар (грчки: Πτολεμαΐδα, Птолемаида) — град во Егејска Македонија. Денес има 37.289 жители и се наоѓа помеѓу окрузите Лерин, Кожани и Меглен во Западна Македонија. Градот е голем индустриски и стопански центар на Грција и произведува над 70 % од струјата во државата.

Кајлари
Πτολεμαΐδα
Поглед.
Поглед.
Амблем на Кајлари
Амблем
Кајлари is located in Грција
Кајлари
Кајлари
Местоположба во областа
Dimos Ptolemaidas.png
Координати: 40°31′N 21°41′E / 40.517° СГШ; 21.683° ИГД / 40.517; 21.683
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожани
Површина
 • Вкупна217,901 км2 (84,132 ми2)
Население (2001)[1]
 • Вкупно35.539
 • Густина0,16/км2 (0,42/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.502 00
Повик. бр.24630
Рег. таб.KZ
Мреж. местоptolemaida.gr

Грчката верзија на името потекнува од Птоломеј Лаг, првиот генерал на Александар Македонски, согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Многу Македонци живеат тука и во околниот крај.[2][3]

Култура

уреди

Фудбалскиот клуб на Кајлар се нарекува Еордаикос (грчки: Εορδαϊκός). Друг тим е ФК Птолемаидас. Градот има училишта, градинки, гимназии, цркви, банки, пошта, железничка станица (Кожани - Лерин), полициска станица, кула на вода, и плоштади. Постои потенцијал во блиска иднида во градот да се отвори универзитет. Музејот на антропологија и фолклор е со седиште во градот.

Стопанство

уреди

Ова е високоразвиен индустриски центар. Четирите електрани во оваа област произведуваат 70% од електричната енергија во Грција, со користење на големи локални депозити на лигнит како гориво. Електраните се во сопственост на Електростопанство на Грција (ДЕИ), главниот работодавач во градот. Фабриката е посветена на премиер на Грција во тоа време, Константин Караманлис. Другите две се во Суровичево во Леринско и во Топчилар.

Етнички состав на населението

уреди

Значителен дел од жителите на Кајлари денес се Грци доселени од Мала Азија или нивни потомци. Тие биле бегалци кои први пристигнале во Егејска Македонија во текот на 1920-тите години како резултат на размената на населението согласно Лозанскиот договор. Има и значителен број на Македонци, особено во соседните села.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. „Македонски играорни друштва од Егејска Македонија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2010-06-13.
  3. „70 години од грчко-италијанската војна“. Архивирано од изворникот на 2020-08-18. Посетено на 2010-06-13.