Македонија во металното време

(Пренасочено од Метално време)
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Старите жители на Македонија мошне рано почнале да ги користат и металите. Во времето на бронзеното време, кое траело од последните векови на третото илјадалетие (милениум) до 1200 година пред н.е. исто така имало продирања на индоевропските племиња, за што сведочат наодите во Црнобуки, Карамани, Висок Рид, Барешани, Кравари, Шуплевац и Бакарно Гумно (во Пелагонија), во Демир Капија, Скопското Кале и Ерменово во Егејскиот дел на Македонија.

Во ова време населбите ги граделе и на тешко достапни возвишенија (Скопското Кале и Шуплевац), веројатно поради заштита од напади. Правеле и куќи од камен, а садовите биле неизадначено печени и со цилиндричен врат, сродни на ранобронзените наоди од повеќе области на Егејскиот дел на Македонија. А во Црнобуки се најдени грубо стилизирани седечки фигури.

Кон средината на бронзеното време се почувствувал мир од дотогашните преселби на индоевропските племиња, што ги потврдуваат наодите од Канино, Радоборската Тумба и Висок Рид (Пелагонија) со слични садови на оние од Ерменово.

Во периодот од околу 1300 - 1200 година пред н.е., Македонија пак била зафатена од судири и таканаречените егејски преселби. Низ долг процес индоевропските племиња се стопиле со домородното население и индоевропеизицијата се раширила на подрачјата на Македонија, Тогаш започнали и железното време за што сведочат наодите во Демир Капија и многуте наоѓалишта во Пелагонија.

Меѓу најпознатите племиња што живееле во Македонија биле Илирите, Тракијците, Бригите, Едонците, Пајонците и Пелагонците, а кон крајот на 9 век пред н.е. низ сите предели на Македонија ги среќаваме и античките Македонци населувајќи ја постепено речиси целата територија до планината Пинд на југ.

Од пред околу 700 години пред н.е. посебно се значајни наодите на Дамјан (Радовишко), Оризари (Кочанско) и селото Бразда (Скопско). Во тоа време се живеело во утврдени населби со ѕидови без малтер. Правеле убави глинени садови и накит.

Во периодот од 8 до 6 век пред н.е. постепено јакнело племството аристократија, се развила трговијата и започнало зголеменото влијание на Грчките колонии. Од ова време се позлатените наоди од Требеништа и наодите од Таринци (Штипско). Во тој период се одвивал процесот на формирањето на најстарите народи во Македонија и започнува формирањето на првите држави.