Скопско Кале

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Скопското Кале)

Скопско Кале — тврдина сместена на високиот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.

Скопско Кале
Скопско Кале
Карта
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Еден од влезовите на калето
Поглед на калето во ноќните часови

Историја

уреди

Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.

ХIX век

уреди

Во калето според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, живееле 5 мажи муслимани, а тие биле: миримиранинот[1] Али Хафзи-Паша, кој имал 40 години, по потекло од касабата Тетово, а во исто време назначен и како назир[2] на градот Скопје. Потоа тука живеел слугата во арапско потекло по име Мерџан, благородниот мирмиранин Хасан-паша (со потекло исто од Тетово), неговиот син Исмаил, кој имал 3 години и слугата со христијанско потекло[3], Ахмед.[4]

Заштита и обновување

уреди

Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.

Тврдината денес

уреди

Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.

Археолошки ископувања

уреди

Археолошките ископувања на Скопско Кале започнале на 14 мај 2007 г. Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе) и силно изложената поставеност на местото во самиот центар на Скопје предизвикува голема заинтересираност кај јавноста, туристите и медиумите.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Збор од персиската култура кој се користел од страна на Османлиската Империја за човек кој е одговорен за управата на еден санџак.
  2. Лице што извршува надзор на една единица.
  3. Означен со зборот „рум”.
  4. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.

Надворешни врски

уреди