Бона Деја
Во римската митологија, Бона Деја („добрата божица“) била божица на плодноста, лекувањето, девственоста и жените. Таа била ќерка на Фаун и понекогаш била нарекувана Фауна.
Храмт на Бона Деја во Рим стоел на Авентинскиот Рид. На 4 декември, во куќата на некој познат магистрат биле вршени тајни обреди во нејзина чест. Ова било сосема женско случување; дури и слики од мажи и машки животни биле забранети, заедно со зборовите „вино“ и мирта заради тоа што Бона Деја еднаш била истепана од нејзиниот татко со миртов стап зошто била пијана.
Нејзиниот јавен фестивал бил на 1 мај. Учеството на мажи било забрането.
Болните биле негувани во градините на нејзините храмови, каде свештеничките одгледувале лековити билки.
Таа исто така била поврзувана со рогот на изобилството, змиите и монетите. Нејзиниот лик често бил ставан на монети.
Наводи
уреди- ↑ Brouwer 1989, p.293, Inscript. 8