Матео Гендузи
Матео Гендузи (француски: Mattéo Guendouzi, 14 април 1999) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Лацио и на француската репрезентација.
Матео Гендузи | |||
---|---|---|---|
Гензуди во дресот на Арсенал во 2018 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Матео Елијас Кензо Гендузи Олие | ||
Роден на | 14 април 1999 | ||
Роден во | Поаси, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | 1.85 m[1] | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Лацио | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
2005–2014 | Париз Сен Жермен | ||
2014–2016 | Лорјан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2016–2017 | Лорјан 2 | 24 | (0) |
2016–2018 | Лорјан | 26 | (0) |
2018–2022 | Арсенал | 57 | (0) |
2020–2021 | → Херта Берлин | 24 | (2) |
2021–2023 | Олимпик Марсеј | 73 | (6) |
2023– | Лацио | 33 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2016–2017 | Франција 18 | 7 | (0) |
2017 | Франција 19 | 2 | (1) |
2017–2018 | Франција 20 | 3 | (1) |
2018–2021 | Франција 21 | 20 | (1) |
2021– | Франција | 8 | (1) |
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиГендузи ја започнал својата кариера во академијата на Париз Сен Жермен. Сепак, во 2014 година, тој го напуштил Париз, за да се приклучи на екипата на Лорјан.
Лорјан
уредиСвоето деби за Лорјан, Гендузи го направил на 15 октомври 2016 година, во натпреварот од Лига 1 Лорјан-Нант 1-2. Тој забележал девет настапи во сите натпреварувања,[2] за време на својата дебитантска сезона, која завршила со испаѓање на Лорјан во Лига 2.[3][4] Веќе следната сезона, тој станал стартер во тимот забележувајќи 18 настапи во Лига 2.
Арсенал
уредиНа 11 јули 2018, Гендузи бил купен од Арсенал за необјавена сума.[5] Своето деби го направил на 12 август 2018, играјќи како стартер на отварањето на сезоната во Премиер лигата против бранителите на титулата Манчестер Сити во поразот со 0-2.[6] На 4 октомври, го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал, при победата со 3-0 над Карабах во Лига Европа.[7] Во споменатото натпреварување Tопџиите догурале дури до финалето, каде биле поразени од градскиот ривал Челси со 4-1, а Гендузи во тој натпревар влегол како замена во 66-тата минута на местото на Лукас Тореира.
Следната сезона, Гендузи одиграл три натпревари натпревари за Арсенал во нивната победничка кампања во ФА Купот, но не играл во финалето добиено со 2-1 против Челси, поради повреда.[8]
Херта Берлин
уредиНа 5 октомври 2020, бил позајмен на Херта Берлин во Првата Бундеслига.[9][10]
Марсеј
уредиНа 6 јули 2021, се преселил во Олимпик Марсеј на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп. Откако одиграл одлична сезона во која забележал 56 настапи и 5 гола, бил откупен од клубот за 9 милиони евра.
Лацио
уредиНа 31 август 2023, Гендузи му се приклучил на Лацио на заем до крајот на сезоната со право на откуп, кој може да стане задолжителен доколку се исполнат одредени услови.[11][12][13] Дебитирал за Лацио на 2 септември, играјќи во првенствената победа со 1-2 на гости кај Наполи.[14] На 5 декември го постигнал својот прв гол за бјанкочелестите, одлучувачки за победата со 1-0 над Џенова во Купот на Италија и пласман во четвртфиналето.[15] Седумнаесет дена подоцна, тој исто го постигнал својот прв гол во Серија А, отворајќи го резултатот во успехот со 2-0 над Емполи.[16]
Репрезентативна кариера
уредиГендузи играл за младите репрезентации на Франција под 18, под 19, под 20 и под 21 година.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 16 ноември 2021, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022 против Финска во Хелсинки, кој завршил 2-0 за Франција.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-11-2021 | Хелсинки | Финска | 0 – 2 | Франција | Квал. за СП 2022 | - | 67' | |
25-3-2022 | Марсеј | Франција | 2 – 1 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | 75' | |
29-3-2022 | Вилнев д’Аск | Франција | 5 – 0 | Јужна Африка | Пријателска | 1 | 80' | |
6-6-2022 | Сплит | Хрватска | 1 – 1 | Франција | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво фаза | - | ||
10-6-2022 | Виена | Австрија | 1 – 1 | Франција | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 63' | |
13-6-2022 | Сен Дени | Франција | 0 – 1 | Хрватска | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 18' 80' | |
30-11-2022 | Ал Рајан | Тунис | 1 – 0 | Франција | СП 2022 - Прва фаза | - | 79' | |
26-3-2024 | Марсеј | Франција | 3 – 2 | Чиле | Пријателска | - | 44' | |
Вкупно | Настапи | 8 | Голови | 1 |
Титули
уредиАрсенал
уреди- ФА Куп : 1
- 2020
Франција
уредиНаводи
уреди- ↑ „Matteo GUENDOUZI“. www.lfp.fr. Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 2018-10-04.
- ↑ „Matteo Guendouzi in 2016/2017“. Soccerbase. 9 July 2018. Посетено на 9 July 2018.
- ↑ „Troyes promoted to Ligue 1“. beIN SPORTS Australia. 28 May 2017. Посетено на 25 July 2018.
- ↑ „French Football League – FC LORIENT“. Ligue1.com. Архивирано од изворникот на 9 July 2018. Посетено на 25 July 2018.
- ↑ Wheatley, Chris (11 July 2018). „Who is Matteo Guendouzi? The French teenage wonderkid who has joined Arsenal“. Goal. Посетено на 25 July 2018.
- ↑ „Arsenal 0-2 Man City: Unai Emery's opener is a reality check for Arsenal“. BBC Sport (англиски). 2018-08-12. Посетено на 2018-08-13.
- ↑ Henry, Matthew (4 October 2018). „Qarabag 0–3 Arsenal: Emile Smith Rowe scores first goal in Europa League win“. BBC Sport. Посетено на 19 December 2018.
- ↑ „Mesut Ozil and Matteo Guendouzi out of FA Cup final vs Chelsea“ (германски). 31 јули 2020. Посетено на 10 август 2024.
- ↑ „Matteo Guendouzi joins Hertha Berlin on loan“ (англиски). Посетено на 2021-07-02.
- ↑ „Mattéo Guendouzi wird Herthaner!“ (германски). 5 октомври 2020. Посетено на 2 јули 2021.
- ↑ „Matteo Guendouzi prêté à la Lazio“ (француски). 31 август 2023. Посетено на 31 август 2023.
- ↑ „Matteo Guendouzi è un nuovo calciatore biancoceleste“. 31 август 2023. Посетено на 31 август 2023.
- ↑ Antonio Torrisi (31 август 2023). „Guendouzi alla Lazio: è ufficiale, arriva in prestito dal Marsiglia“. Посетено на 31 август 2023.
- ↑ „Napoli-Lazio risultato 1-2: gol di Kamada, Zielinski e Luis Alberto“. Посетено на 2023-09-03.
- ↑ Предлошка:Cita web
- ↑ „Lazio, vittoria scaccia-crisi con i gol di Guendouzi e Zaccagni“. 22 декември 2023. Посетено на 2023-12-22.
Надворешни врски
уреди- Профил на Матео Гендузи Архивирано на 30 септември 2020 г.