Свински грип
Свинскиот гриш се однесува на грип предизвикан од страна на вирусите од фамилијата Orthomyxoviridae, кој е распространет во популациите од свињи. Свинскиот грип припаѓа на родот на микровируси, најчесто од серотипот А, поттип H1N1. Кај свињите се среќаваат и поттиповите H1N2, H3N1, H3N2.[1]
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |
Симптоми
уредиОсновните симптоми се совпаѓаат со типичните симптоми за еден грип, како[3]:
- Главоболка
- Болка во мускулите
- Зголемена температура
- Кашлица
- Повраќање
- Дијареа
Распространување
уредиВирусот се пренесува со непосреден контакт со заразени организми, а и по воздушен пат. При подолга топлинска обработка вирусот изумира.
Лекување
уредиЛекувањето на повеќето поттипови на свински грип се изведува со помош на лековите амантадин, занамивир, оселтамивир и римантадин.
Мутираниот "мексикански" поттип H1N1 е отпорен на повеќето од горните противвирусни средства. До овој момент не постојат лекарства против овој поттип.
Наводи
уреди- ↑ http://www.who.int/csr/swine_flu/swine_flu_faq.pdf Информативен билтен
- ↑ http://www.cdc.gov/swineflu/key_facts.htm Центри за контрола на заразите и нивна превенција > Клучни факти за свинскиот грип.
- ↑ Надзор на симптомите на свински грип