Калорија

(Пренасочено од Калории)

Калорија е единица за енергија надвор од и постара од системот SI. Нејзин твоец е францускиот научник Никола Клеман (1779-1842) кој во 1824 ја осмислил како единица за топлина[1] Во највеќето научни области калоријата уште поодамна е заменета со џулот, па така денес главно се користи за изразување на енергетската вредност на храната.

Хранлива ознака на пакување на ориз

Дефиниција

уреди

Постојат две разни дефиниции за калорија:

  • мала карлорија или грам-калорија (симб. cal, кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C.[3] Ова е еднакво на ~ 4,2 џули.
  • голема калорија, килограм-калорија, прехранбена калорија (симб. Cal, Кал)[2] - количеството топлинска енергија потребно за да се покачи температурата на 1 грам вода за 1 °C. Ова изнесува точно 1000 мали калории или околу 4,2 килоџули.

Грам-калоријата како единица е премала за да биде корисна во исхраната, па затоа се користи килокалорија (симб. kcal) или големата калорија. Во овој контекст, поимите „калорија“ и „килокалорија“ се истоветни.

Разлики

уреди

Енергијата потребнна за покачување на температурата на извесна маса вода за 1 °C зависи од почетната температура и тешко е да се измери точно. Затоа постојат неколку дефиниции за калорија. Најзастапените дефиниции во постарата литература се калоријата на 15 °C и термохемиската калорија.

Факторите на претворање на калориите во џули се бројчено еквивалентни на со изразената специфичната топлина на водата во џули по грам или килограм.

Име Симбол Претворање Белешки
Термохемиска калорија calth 4,184 J

≈ 0,003964 BTU ≈ 1,163⋅10-6 kWh ≈ 2,611⋅1019 eV

[4]
Калорија на 4 °C cal4 ≈ 4,204 J

≈  ≈ 1.168×10−6 kWh ≈ 2.624×1019 eV

количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 3,5 °C на 4,5 °C при стандарден атмосферски притисок.
Калорија на 15 °C cal15 ≈ 4,1855 J

≈ 0,0039671 BTU ≈ 1.1626×10−6 kWh ≈ 2.6124×1019 eV

количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 14,5 °C на 15,5 °C при стандарден атмосферски притисок (101,325 kPa). Експерименталните вредности на калоријата се движеле од 4,1852 J to 4,1858 J. Во 1950 комитетот на МБТМ ја објавил средната експериментална вредност 4,1855 J, со неодреденост од 0,0005 J.[4]
Калорија на 20 °C cal20 ≈ 4,182 J

≈ 0,003964 BTU ≈ 1.162×10−6 kWh ≈ 2.610×1019 eV

количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 19,5 °C на 20,5 °C при стандарден атмосферски притисок.
Средна калорија calсред ≈ 4,190 J

≈ 0,003971 BTU ≈ 1.164×10−6 kWh ≈ 2.615×1019 eV

1100 од количеството енергија потребно да се покачи температурата на еден грам вода од 0 °C на 100 °C при стандарден атмосферски притисок.
Меѓународна парна калорија (1929) ≈ 4,1868 J

≈ 0,0039683 BTU ≈ 1.1630×10−6 kWh ≈ 2.6132×1019 eV

1860 „меѓународни ват-часови“ = точно 18043 „меѓународни џули“.[5]
Меѓународна парна калорија (1956) calIT ≡ 4,1868 J

≈ 0,0039683 BTU ≈ 1.1630×10−6 kWh ≈ 2.6132×1019 eV

1,163 mW·h = точно 4,1868 J. Оваа дефиниција е усвоена на V Меѓународна конференција за својствата на пареата (Лондон, јули 1956).[4]
IUNS калорија ≡ 4,182 J

≈ 0,003964 BTU ≈ 1.162×10−6 kWh ≈ 2.610×1019 eV

Овој сооднос е усвоен од Комитетот за номенклатура на Меѓународниот сојуз за исхранбени науки (IUNS).[6]

Наводи

уреди
  1. Етимологија: француски calorie, од латинскиот збор calor = „топлина“.
  2. 2,0 2,1 calorie - Merriam-Webster
  3. „калорија“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  4. 4,0 4,1 4,2 Меѓународен стандард ISO 31-4: Величини и единици – Дел 4: Топлина. Прилог B (информативно): Другите единици се дадени информатицно, особено што се однесува до факторот на претворање. Меѓународна организација за стандардизација, 1992.
  5. Figure depends on the conversion factor between „меѓународни џули“ и „апсолутни“ (современи) џули. Користејќи го средниот меѓународен ом и волт (1,00049 Ω, 1,00034 V [1] Архивирано на 23 мај 2012 г.), меѓународниот џул изнесува околу 1,00019 J, што дава вредност од 4,18674 J
  6. FAO (1971). „Усвојување на џулот како единица за енергија“. (англиски)

Поврзано

уреди