Урсула Андрес
Урсула Андрес (германски: Ursula Andress; родена на 19 март 1936 година)[1] е швајцарска глумица, поранешна манекенка и секс-симбол во 1960-тите години. На филмското платно се пробила со улогата на Хани Рајдер, Бондова девојка во првиот филм за Џејмс Бонд, Доктор Но (1962). Подоцна ја играла улогата на Веспер Линд во уште еден филм за Џејмс Бонд, Казино Ројал од 1967 година. Други нејзини позабележителни улоги се: Забава во Акапулко (1963), 4 за Тексас (1963), Таа (1965), Десетата жртва (1965), Синиот Макс (1966), Јужната ѕвезда (1969), Совршен петок (1970), Црвеното сонце (1971), Чувствителна сестра (1975), Роб на канибалистичкиот бог (1978), Петтиот мускетар (1979), Судир на титаните (1981) и Петар Велики (1986).
Урсула Андрес | |
---|---|
Андрес во 2004 | |
Роден(а) | 19 март 1936 Остермундиген, Швајцарија |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1954–2005 |
Сопружник | Џон Дерек (в. 1957; раз. 1966) |
Партнер | Жан Пол Белмондо (1965–1972) Фабио Тести (1973–1977) Хари Хамлин (1979–1983) Фаусто Фаџоне (1986–1991) |
Деца | 1 |
Живот и кариера
уредиУрсула Андрес е родена во Остермундиген, Берн (Швајцарија). Нејзиниот татко бил Германец, а мајка ѝ била Швајцарка. Нејзиниот татко Ралф Андрес од политички причини бил протеран од Швајцарија, а улогата на старател ја презел нејзиниот дедо.[2] Таа има брат Хајнц и четири сестри Ерика, Шарлот, Жизела и Кејти.[3] Течно зборува германски, англиски, италијански и француски јазик. Една година студирала уметност во Париз, а потоа отишла во Рим, каде работела слабо платени професии.
На една забава запознала филмски продуцент кој ѝ понудил аудиција за улога во италијански филм. Аудицијата била успешна и била избрана за епизодни улоги во филмовите „Американец во Рим“ (оригинално: Un americano a Roma; со Алберто Сорди во главната улога) од 1954, „Авантурите на Казанова“ (Le avventure di Giacomo Casanova; 1955) и „La catena dell'odio“ (1955). Ја забележал холивудски режисер кој ја наговорил да си ја проба среќата во Холивуд.[4]
Андрес пристигнала во Холивуд кон крајот на 1955 година.[5] Пред да пристигне потпишала седумгодишен договор со Paramount Pictures, со почетна плата од 287 долари неделно.[6] И покрај договорот не добила улоги, поради противењето да научи англиски јазик.[7] „Поголемиот дел од времето го поминував гледајќи ги старите филмови на Марлен Дитрих“, рекла таа.[8] Андрес добила одреден публицитет поради врската со Џејмс Дин непосредно пред неговата смрт.[9] Го откупила преостанатиот дел од нејзиниот договор [10] и во 1956 година потпишала со Columbia Pictures.[11] Ниту со нив не снимила филмови.[12] Останала во Холивуд и во 1957 година се омажила за Џон Дерек.
Андрес се вратила на глумата во 1962 година. Меѓународна популарност стекнала во улогата на Хани Рајдер, девојка на Џејмс Бонд во „Доктор Но“ (1962). Нејзиниот текст во филмот го зборувала Ники ван дер Зил додека Урсула само мрда со усните.[13] Таа глуми во една од најнезаборавните сцени во кинематската и модната историја,[14][15][16] кога излегува од Карипското Море во бело бикини. Калипсо-песната ја отпеала Дијана Купланд.[17] Бикинито што го носела во филмот во 2001 година било продадено на аукција за 41 125 фунти.[18][19][20] Во 2003 година, во анкета во Обединетото Кралство нејзиното појавување во Доктор Но се нашло на прво место во „100-те најсекси моменти“.[21] Во 1964 година, Андрес ја добила наградата Златен глобус за Нова ѕвезда на годината за нејзиното појавување во филмот.[22]
Потоа, Андрес ја глумела главната женска улога во мјузиклот со Елвис Присли, Забава во Акапулко (1963). Заедно со Френк Синатра, Дин Мартин и Анита Екберг во 4 за Тексас (1963).[23] Глумела заедно со Дерек, во Кошмар на сонцето (1965).
Во 1965 година, нејзините голи фотографии од Кошмар на сонцето биле објавени во Плејбој; ова било прв пат од вкупно седум пати како таа позира за списанието во следните петнаесет години.[4] На прашањето зошто се согласила да се слика за Плејбој, Андрес ладнокрвно одговорила: „Затоа што сум убава“.[24][25]
Во Италија, глумела со Марчело Мастројани во научно-фантастичниот филм Десеттата жртва (1965). Потоа се вратила во Холивуд и глумела во филм за Првата светска војна „Синиот Макс“ (1966), уште еден успешен филм на кино благајните.[26]
Андрес го снимила нејзиниот втор филм за Seven Arts: Еднаш пред да умрам (Once Before I Die (1966)), снимен на Филипините. Позабележителна улога имала во пародијата за Бонд Казино Ројал (1967), исто така продуцирана од Фелдман, каде што Андрес ја играла Веспер Линд, шпионка која го убедува Евелин Трембл, кој го глуми Питер Селерс, да изврши мисија. Нејзиниот хонорар изнесувал 200.000 фунти.
Во Италија, глумела заедно со поранешната Бонд девојка Клодин Огер во „Слатки госпоѓици“ (Le dolci signore (1968)) од режисерот Лујци Зампа. Потоа заминала за Африка за да го сними Јужната ѕвезда (The Southern Star (1969)) со Џорџ Сегал, кој бил хит во Англија.[27] Таа се појавувала гола или полугола во речиси сите нејзини филмски улоги помеѓу 1969 и 1979 година, поради што го доби прекарот „Ursula Undress“ („Урсула соблечена“).[28]
Андрес се појавила во „Совршен петок“ (1970), филм за грабеж во кој глумат Стенли Бејкер и Дејвид Ворнер. Во Шпанија. се појавила во Црвено сонце (Red Sun (1971)), вестерн со меѓународна актерска екипа вклучувајќи ги Чарлс Бронсон, Тоширо Мифуне и Ален Делон.
Во 1970-тите, кариерата на Андрес почнала да опаѓа и таа се појавувала во помалку филмови. Сепак, во текот на 1980-тите и 1990-тите таа продолжила повремено да се појавува во филмови и на телевизија.
Личен живот
уредиАндрес изјавила дека ја изгубила невиноста со оженетиот актер Даниел Гелин во 1953 година, кога таа имала 17, а тој 32 години. Откако се преселила во САД во 1955 година се забавувала со Денис Хопер и Џејмс Дин, а истата година започнала врска со актерот/ режисерот Џон Дерек, оженет човек и татко на две деца кој ја напуштил неговата сопруга Пети Берс и семејството за да биде со 19-годишната Андрес.[29] Дерек и Андрес се венчале на 2 февруари 1957 година во Лас Вегас, но се разделиле во 1964 година поради нејзината афера со глумецот Рон Ели;[29] официјално се развеле во 1966.[30] Во меѓувреме, разделена, но не разведената Андрес јавно јавно се појавувала со Џон Ричардсон и со Марчело Мастројани, нејзин колега од „10-тата жртва“.[31]
Од 1965 до 1972 година, Андрес живеела со Жан Пол Белмондо.[32] Тој, рекла таа, бил љубовта на нејзиниот живот.[33] Нејзина следна врска била со Фабио Тести од 1973 до 1977 година (освен една година кога раскинале).[7][34] Таа, исто така, се состанувала со Рајан О'Нил, Џон Делореан, Хелмут Бергер, Паоло Пазаља, Џони Дорели, Франко Неро, Нелс Ван Патен и Ричи Мартин .[35]
О'Нил и Андрес биле во врска двапати, прво од 1972 до 1973 година, а потоа повторно од 1977 до 1978 година.
Андрес живеела со глумецот Хари Хамлин, кој е 15 години помлад од неа, по средбата на сетот на „Судир на титаните“ во 1979 година.[36] Таа го родила нивниот син Димитри Александар Хамлин на 19 мај 1980 година.[37] Иако била свршена со Хамлин,[38] тие не се венчале.[37] Во 1983 година, Хамлин раскинал со неа.[39]
Кон средината на 1980-тите, Андрес била во врска со фудбалерот Пауло Роберто Фалкао, актерот Херардо Амато, пејачот Хулио Иглесијас, архитектот Стен Херман и бодибилдерот Марио Натокис.[40] Во 1986 година, започнала врска со идниот член на Регионалното собрание на Сицилија [41] Фаусто Фагоне, тогаш студент; имал 20, а таа 50 години.[42] Врската траела до 1991 година.[30] Подоцна истата година, Андрес накратко се забавувала со експертот за боречки вештини Џеф Спикмен, но оттогаш не била јавно поврзана со никого.
Наводи
уреди- ↑ „Ursula Andress - James Bond Actresses“. www.007james.com. Посетено на 2022-06-07.
- ↑ Anstead, Mark (7 December 2002). „Bond girl who made a killing“. The Guardian. Посетено на 30 June 2008.
- ↑ „12 facts about Ursula Andress, the Swiss 'Bond Girl'“. Newly Swissed Online Magazine (англиски). 2016-03-19. Посетено на 2022-06-07.
- ↑ 4,0 4,1 Bentley, Logan (5 May 1980). „Urged by Her 28-Year-Old Lover, Harry Hamlin, Ursula Andress Faces Motherhood at 44“. People. Посетено на 14 December 2010.
- ↑ „Pretty Visitor“. Chicago Daily Tribune. United Press Telephoto. 31 January 1955. стр. 23. ProQuest 178785854.
- ↑ „Judge OKs movie pact for swiss actress“. Los Angeles Times. 11 March 1955. стр. 18. ProQuest 166734755.
- ↑ 7,0 7,1 James Bacon (22 June 1977). Ursula Andress Lonely, Living Like a Saint. Sarasota Journal.
- ↑ „Hollywood Mystery 7 Years Then She Learns English“. Chicago Tribune. 24 March 1963. стр. e11. ProQuest 182602468.
- ↑ Korman, Seymour (5 February 1956). „JAMES DEAN: Brilliant Young Star Met Tragic End on Eve of His Greatest Success; but Even in Death His Fame Continues to Grow“. Chicago Daily Tribune. стр. f18. ProQuest 179752428.
- ↑ Haber, J. (30 July 1972). „Ursula andress' private thoughts on living, loving“. Los Angeles Times. ProQuest 157080235.
- ↑ Schallert, E. (17 March 1956). „Drama“. Los Angeles Times. ProQuest 166947855.
- ↑ „Rag doll steals show as trade week starts“. Los Angeles Times. 21 May 1956. ProQuest 166951200.
- ↑ „Dr No bikini for sale“. BBC News. 12 January 2001. Посетено на 16 February 2008.
- ↑ „Former Bond girl to sell Dr No bikini“. The Daily Telegraph. 13 January 2011. Архивирано од изворникот на 12 January 2022. Посетено на 16 May 2011.
- ↑ Bensimon, Kelly Killoren (2006). The bikini book. Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-51316-3.
- ↑ Lindner, Christoph (2009). The James Bond Phenomenon: A Critical Reader. Manchester University Press. ISBN 978-0-7190-8095-1.
- ↑ Actress Diana Coupland dies at 74 (10 November 2006). BBC News. Accessed 16 February 2008.
- ↑ „Bond bikini sells for £35,000“. BBC News. 14 February 2001.
- ↑ Christie's Auction Result (14 February 2001). Christie's Auction. Accessed 16 June 2012.
- ↑ Lisanti, Tom; Paul, Louis (2002). Film Fatales: Women in Espionage Films and Television, 1962–1973. McFarland. стр. 38. ISBN 0-7864-1194-5..
- ↑ „Andress scene voted 'most sexy'“. BBC News. 30 November 2003.
- ↑ Ursula Andress Архивирано на 13 јули 2010 г.. GoldenGlobes.org. Accessed 18 February 2008.
- ↑ „Fimland Events“. Los Angeles Times. 14 May 1963. ProQuest 168358778.
- ↑ Burchill, Julie (10 October 2011). „Julie Burchill: Selling sex... why be coy about it?“. The Independent.
- ↑ Packard, Reynolds (7 July 1965). „Ursula Andress on the State of Undress“. Los Angeles Times. стр. A8. ProQuest 155227957.
- ↑ "Big Rental Pictures of 1966". Variety, 4 January 1967, p. 8.
- ↑ "The World's Top Twenty Films." Sunday Times [London] 27 September 1970: 27. The Sunday Times Digital Archive. accessed 5 April 2014
- ↑ Dan Lewis (29 August 1972). 'Andress on Undress: Hollywood Overdoes It. Sarasota Journal. Accessed 18 March 2015.
- ↑ 29,0 29,1 Derek, Sean Catherine (1982). Cast of Characters. Tower & Leisure Sales Co. ISBN 0843911263.
- ↑ 30,0 30,1 „Ursula Andress“. Turner Classic Movies. Архивирано од изворникот на 2011-10-21. Посетено на 2021-03-19.
- ↑ Freeman, Alex (1965-06-18). „From Hollywood to Paris, Ursula's Disquieting Call“. Detroit Free Press.
- ↑ Wilson, Earl (16 July 1972). It Happened Last Night. Sarasota Herald-Tribune.
- ↑ "Kiss & Tell". New Straits Times. 1986-01-09.
- ↑ Scott, Walter (29 July 1973). "Personality Parade". The Orlando Sentinel.
- ↑ „Elusively yours, Ursula Andress“. Los Angeles Times. 27 August 1978. ProQuest 158635658.
- ↑ Hutchings, David. „For Harry Hamlin, Life After Ursula Andress Is a Time to Awake and Sing“. Архивирано од изворникот на 10 February 2011.
- ↑ 37,0 37,1 Wallace, David (4 July 1983). 'I Want to Be with Him,' Says Ursula Andress, but Harry Hamlin Just Wants to Be on His Own. People.
- ↑ Associated Press (1980-04-28). Ursula to wed after baby is born in May. The Free Lance–Star.
- ↑ Leonard, Vince (29 June 1983). Ursula, Hamlin Split. Pittsburgh Post-Gazette.
- ↑ „Sociedade - NOTÍCIAS - O Brasil irresistível“. revistaepoca.globo.com. Архивирано од изворникот на 2021-12-04. Посетено на 2021-03-19.
- ↑ "47 arrested in Italian Mafia raids". United Press International, 3 November 2010.
- ↑ Allis, Tim (14 September 1987). „Chatter“. People (англиски).
Надворешни врски
уреди- Урсула Андрес на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- „Happy Birthday Ursula Andress“. 10vor10. 18 May 2006. Архивирано од изворникот на 16 December 2013.
On the occasion of the inauguration of the Swiss Consulate General in Scotland, Ursula Andress celebrates her 70th birthday on board the Royal Yacht Britannia in Edinburgh