„Осум и половина“ — италијански филм од 1963 година, во режија на Федерико Фелини. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Мастројани, Клаудија Кардинале, Сандра Мило, Росела Фалк, Анук Еме, итн. Филмот има освоено 18 награди на филмските фестивали, меѓу кои и две награди „Оскар“.[1]

Марчело Мастројани како Гвидо Анселми

Синопсис

уреди

Филмскиот режисер Гвидо Анселми (го игра Мастројани) се наоѓа во креативна криза и заминува на одмор во една бања. Подготовките за новиот филм почнуваат, а тој постојано е под притисок од продуцентот и од глумците кои го измачуваат со своите барања, но тој нема никаква идеја за новиот филм. Во бањата пристигнува неговата љубовница Карла (ја игра Мило), но подоцна доаѓа и жена му Лујза (ја игра Еме). Така, тој е растргнат од проблемите со филмот, влошените односи со сопругата, спомените од детството, католичкото воспитување, жените што ги сакал, итн. Во последен миг се појавува и неговата омилена глумица Клаудија (ја игра Кардинале), но ниту таа не му помага во разрешувањето на креативната криза. Најпосле, нестрпливиот продуцент организира коктел на кој го најавува почетокот на снимањето, но режисерот нема што да изјави пред насобраните новинари. На крајот од филмот, тој ги собира сите присутни кои, фатени за раце, парадираат на бината....[2]

Наводи

уреди