Дојранско Езеро

Езеро во Вардарска и Егејска Македонија
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Дојранско Езеро (на грчки: Λίμνη Δοϊράνη, се чита: Лимни Дојрани) — езеро споделено помеѓу Република Грција и Република Македонија. Тоа е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Езерото зафаќа површина од околу 43,1 км2. Западниот, поголемиот дел (околу 27,3 км2) припаѓа на Р Македонија (Општина Дојран), а источниот, помалиот дел (околу 15,8 км2) на Р. Грција (Општина Кукуш). Во народниот јазик, езерото е познато и како Дојрански Ѓол.[1]

Дојранско Езеро
Мандра на Дојранското Езеро
Карта
Дојранското Езеро и околните населени места од двете страни на државната граница
Координати41°13′N 22°44′E / 41.21° СГШ; 22.74° ИГД / 41.21; 22.74
Слив&10000000000000120000000120 км2
Сливни земјиМакедонија,
Грција
Површина&1000000000000004310000043,1 км2
Прос. длабочина6,7 м
Најг. длабочина10 м
Населени местаСтар Дојран, Нов Дојран, Николиќ

Местоположба и хидролошки одлики

уреди

Дојранското Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Р Македонија.

Котлинскиот простор во кој е сместено езерото е ограничен од север и северозапад со планината Беласица, од запад и југозапад со гранките на ридското подрачје Карабалија и од исток со гранките на планината Круша. Езерската површина се наоѓа на надморска височина од 148 м. Тоа е плитко езеро, со максимална длабочина од 10 м и просечна длабочина од 6,7 м.[2]

Единствениот истек на езерото е реката Ѓолаја која почнува од с. Дојран во Егејска Македонија и завршува како притока на Вардар кај с. Вардаровци, Кукушко.

Површината на езерото е 42,7 км2, од кои 15,6 км2 ѝ припаѓаат на Република Грција, а 27,1 км2 на Република Македонија. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации има различни податоци со бројки кои варираат од 41,9 до 43 км2. Податокот дека површината на езерото изнесува 42,7 км2 е од Статистичкиот завод на Република Македонија од 1996 година. Сепак, ваквите разлики не влијаат на заклучокот дека ова езеро е најмало од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег има најмала разгранетост, а во него доминираат песочни плажи кои имаат позитивно влијание врз туризмот. Најголемата длабочина изнесува 10 м, што претставува мала длабочина, особено во однос на Охридското и Преспанското Езеро, и е негативна околност за одвивањето на туристички активности. Потврда за оваа квалификација е фактот дека дури и на растојание од 100 метри од брегот, длабочината изнесува 3 м. Поголемиот дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само пострмните тераси се песокливи, што е и една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 км. Ова има негативен одраз врз другите елементи на географската средина.

 
Кајчиња во Дојранското Езеро

Температурата на водата е една од најважните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува 14,8 °C, што е највисока вредност во однос на Охридското и Преспанското Езеро. Температурата на водата во зима е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените 9,9 °C во декември, до 3,9 °C во февруари. Поради релативно плитките длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од 18 °C. Ова значи дека во период од скоро половина година има топлински услови за одвивање на капалишни активности. Средномесечната температура во мај изнесува 18,9 °C, во јуни 22,4 °C, во јули 24,3 °C, август 24,2 °C и во сепмтеври 20,4 °C. Бојата на водата има нијанси од темнозелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад Преспанското, а особено зад Охридското Езеро.

Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, станува збор за реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 км2.

Поради јодот ослободен од алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, особено за лекување на проблеми со синусите, бронхитис, настинки, зараснување на рани и посекотини. Лековитата природа на водата привлекува голем број туристи, претежно семејства со мали деца.

Флора и фауна

уреди

Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од безрбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др.), како и претставници од ’рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро се регистрирани 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, еден вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на корморани во огради од трска, т.н. мандри.

Легенда за Дојранското Езеро

уреди
 
Брег на Дојранско Езеро.

На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

Дојранското Езеро како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „ѓол - резултати од пребарување | Дигитален речник на македонскиот јазик“. drmj.eu. Посетено на 2021-07-21.
  2. „Историја на Дојранското Езеро“. Општина Дојран. Архивирано од изворникот на 2008-05-02. Посетено на 2010-05-27.
  3. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 55-59.

Надворешни врски

уреди