Вардаровци

село во Кукушко, Егејска Македонија

Вардаровци (грчки: Αξιοχώρι, Аксиохори; до 1928 г. Βαρδαρόφτσα, Вардарофца[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 303 жители (2011).

Вардаровци
Μικρό Δάσος
Вардаровци is located in Грција
Вардаровци
Вардаровци
Местоположба во областа
Вардаровци во рамките на Пајонија (општина)
Вардаровци
Местоположба на Вардаровци во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.28′N 22°38.32′E / 40.87133° СГШ; 22.63867° ИГД / 40.87133; 22.63867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно303
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е во областа Солунско Поле, близу левиот брег на реката Вардар., Лежи 16 >км јужно од градот Ругуновец и 25 км западно од градот Кукуш.[3]

Историја

уреди

Праисторија и средновековие

уреди

Местото е населено уште многу одамна. На јужниот крај од селото е откриена Вардаровската праисториска населба.[4]

Според некои тврдења, крај селото некогаш било пронајден граничен натпис, сличен на Нарешкиот, кој служел како обележувач на византиската граница во почетокот на X век. Денес наодот се смета за изгубен.[5]

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Вардаровци било македонско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вардоровци (Vardorovtzi) имало 50 домаќинства со 239 жители Македонци и 27 Турци.[6][7] В 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Вардаровци живееле 230 Македонци христијани.[6][8]

Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

Во 1904 г. жителите на Вардаровци се обратиле кон генералниот инспектор на румелиските вилаети со молба да им се отвори црквата, за да можат да се молат на мајчиниот јазик:

Уште на 20 мај годинава со молба до кукушкиот кајмакам и до Св. Егзархија, потпишана од сите селани, соопштивме, дека отсега ќе се молиме на Бога и ќе ги учиме децата на мајчиниот јазик, и дека ќе го признаваме врховенството на Бугарската егзархија... Мухтар: Трајко Митре, ази и првенци Атанас Трајков, Гоно Делијов, Атанас Попов, Васил Митрев, Пено Митре, Лазар Константинов.[10]


По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Вардоровци (Vardorovtzi) имало 360 жители Македонци под егзархијата.[6][11] Во овој период, Боривое Милоевиќ во својот патопис завел дека во селото имало 40 македонски куќи.[3]

Во Грција

уреди

Во Втората балканска војна во 1913 г. грчкат војска го протерала поголемиот дел од населението, кое пребегнало преку граница. Истата година селото е припоено кон Грција по сила на Букурешкиот договор. Веднаш по војната во Вардаровци биле сместени околу 15 домаќинства од грчки доселеници од Тракија. Така, истата 1913 г. селото имало 139 жители, од кои само мал број биле останати Македонци.[3] По Првата светска војна, на пописот во 1920 г. целокупното население се намалило на само 76 лица. Во 1924 г. и последните 28 Македонци се иселиле во Бугарија, а место нив повторно се доведени поголем број грчки доселеници од Источна Тракија, Понд и Бугарија, па со тоа во 1928 г. Вардаровци прераснало во чисто дојденско село со вкупно 565 жители.[3] Истата 1928 г. името на селото е погрчено во Аксиохори, што во превод значи Вардарско Село.

Во 1940 г. во Вардаровци живееле 615 лица, во 1951 г. имало 644, а во 1961 г. — 594. Според пописот од 1971 г. населението броело 519 жители, за да доживее извесен пад на 469 во 1981 и да се накачи на 512 во 1991 г. Во следните десетлетија бројноста на жителите бележи пад — 431 во 2001 и 303 во 2011 г.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 615 644 594 519 469 512 431 303
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Поради неговата положба во Солунското Поле и наводнувањето на земјиштето, селото се смета за прилично богато. Главни земјоделски производи се житото, памукот, бостанот и др.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βαρδαρόφτσα -- Αξιοχώριον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/59168/2199 π.ε./1-2-1986 - ΦΕΚ 118/Β/19-3-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 2019-11-14.
  5. Иванов, Йордан. „Български старини из Македония“, С. 1931 стр. 17
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 166. ISBN 954430424X.
  9. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
  10. Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 503.
  11. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.98-99.

Надворешни врски

уреди