Неоген
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
Неогенот (неофицијално горен или доцен терцијар), е геолошки период кој траел 20,45 милиони години; започнал по завршувањето на палеогенот пред 23,03 милиони години и траел до почетокот на кватарот пред 2.58 милиони години. Неогенот е поделен на две епохи: миоцен и плиоцен. Некои геолози тврдат дека неогенот не може јасно да се разграничи од актуелниот геолошки период, квартарот.[1] Терминот „неоген“ бил измислен во 1853 година од австрискиот палеонтолог Мориц Хернес (1815–1868).[2]
Во овој период, цицачите и птиците продолжиле да еволуираат во современи форми, а другите групи на живот останале релативно непроменети. Кон крајот на овој период во Африка се појавиле првите луѓе (Хомо хабилис).[3] Имало и континентални придвижувања, а најзначаен настан бил поврзувањето на Северна и Јужна Америка кај Панамскиот Провлак, доцна во плиоценот. Ова поврзување на континентите ги прекинал топлите океански струи од Тихиот до Атлантскиот Океан, а само Голфската струја останала да ја пренесува топлината во Северноледениот Океан. Климата значително се оладила за време на неогенот, и тоа кулминирало со низа континентални заледувања во следниот период, квартар.
Поделба
уредиПлиоценската епоха се дели на:
- Пјаченциско доба, на кое му претходи
- Занклинска доба
Миоценската епоха се дели на:
- Месинско доба, на кое му претходи
- Тортонско доба
- Серавалско доба
- Лангианско доба
- Бурдигалско доба
- Аквитанско доба
Географија
уредиКонтинентите во неогенот биле многу блиску до нивната денешна местопложба. Создаден е Панамскиот Провлак кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Индискиот потконтинент продолжил да се судрира со Азија, со што се формирале Хималаите. Паднало нивото на морето, и биле создадени копнени мостови меѓу Африка и Евроазија и меѓу Евроазија и Северна Америка.
Клима
уредиКлиматските промени ја предизвикале појавата на годишни времиња, а продолжил и општиот тренд на посува и поладна клима кој започнал на почетокот од палеоген. Ледените покривки на двата пола почнале да растат и да згуснуваат, а кон крајот на периодот започнало првото од низата заледувања од денешното ледено доба.[4]
Флора и фауна
уредиМорската и континенталната флора и фауна го имале современиот изглед. Групата влекачи Choristodera исчезнала во раниот дел од периодот, а водоземците познати како Allocaudata исчезнале кон неговиот крај. Во неогенот, исто така, изумреле родовите влекачи Langstonia и Barinasuchus, копнени предатори кои биле последните преживеани членови од Sebecosuchia, група во сродство со крокодилите. Во океаните доминирале големите месојади како мегалодони и ливатани, а пред 19 милиони години исчезнаа околу 70% од сите видови пелагични ајкули.[5] Цицачите и птиците ја продолжиле својата доминација како копнени ’рбетници и се видоизменувале додека се прилагодувале на различни живеалишта. Првите хоминини, предци на луѓето можеби се појавиле во јужна Европа и мигрирале во Африка.[6][7] Првите луѓе (кои припаѓаат на видот Homo habilis) се појавиле во Африка кон крајот на периодот.[3]
Пред околу 20 милиони години, почнале да се диверзифицираат голосемениците во форма на четинари и цикади и настанале повеќе видови поради променливите услови.[8] Како одговор на постудената клима и годишните времиња, тропските растителни видови им отстапиле простор на листопадните растенија, а пасиштата се појавиле на местото од многу шуми. Тревните растенија значително се диверзифицирале, а заедно со нив еволуирале и тревопасните цицачи, и настанале многу современи тревопасни животни, како коњите, антилопите и бизоните. Цицачите од леденото доба како мамутите и рунестиот носорог биле вообичаени во плиоценот. Со намалување на нивото на CO2 во атмосферата, имало експанзија на С4 растенијата и достигнале еколошка доминација во пасиштата во последните 10 милиони години. Исто така, главоцветните растенија поминале низ значителна адаптивна радијација.[9] На Нов Зеланд пронајдени се фосилни листови од евкалиптус кои потекнуваат од миоценот; денес родот евкалиптус не е автохтон за Нов Зеланд, туку е воведен од Австралија.[10]
Наводи
уреди- ↑ Tucker, M.E. (2001). Sedimentary petrology : an introduction to the origin of sedimentary rocks (англиски) (3. изд.). Osney Nead, Oxford, UK: Blackwell Science. ISBN 978-0-632-05735-1.
- ↑ Hörnes, M. (1853). „Mittheilungen an Professor Bronn gerichtet“ [Reports addressed to Professor Bronn]. Neues Jahrbuch für Mineralogie, Geognosie, Geologie und Petrefaktenkunde (германски): 806–810.
From p. 806: "Das häufige Vorkommen der Wiener Mollusken … im trennenden Gegensatze zu den eocänen zusammenzufassen." (The frequent occurrence of Viennese mollusks in typical Miocene as well as in typical Pliocene deposits motivated me – in order to avoid the perpetual monotony [of providing] details about the deposits – to subsume both deposits provisionally under the name "Neogene" (νεος new and γιγνομαι to arise) in distinguishing contrast to the Eocene.)
- ↑ 3,0 3,1 Spoor, Fred; Gunz, Philipp; Neubauer, Simon; Stelzer, Stefanie; Scott, Nadia; Kwekason, Amandus; Dean, M. Christopher (March 2015). „Reconstructed Homo habilis type OH 7 suggests deep-rooted species diversity in early Homo“. Nature. 519 (7541): 83–86. Bibcode:2015Natur.519...83S. doi:10.1038/nature14224. PMID 25739632. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „homo-habilis“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Benn, Douglas I. (2010). Glaciers & glaciation (2. изд.). London: Hodder Education. стр. 15–21. ISBN 9780340905791.
- ↑ Almost 20 Million Years Ago, Sharks Nearly Went Extinct
- ↑ „Scientists find 7.2-million-year-old pre-human remains in the Balkans“. Phys.org. Посетено на 17 December 2017.
- ↑ „9.7 million-year-old teeth found in Germany resemble those of human ancestors in Africa“. ResearchGate. Посетено на 17 December 2017.
- ↑ DNA duplication linked to the origin and evolution of pine trees and their relatives
- ↑ The rise of grasslands is linked to atmospheric CO2 decline in the late Palaeogene
- ↑ „Eucalyptus fossils in New Zealand – the thin end of the wedge – Mike Pole“. 22 September 2014.
Надворешни врски
уреди- „Digital Atlas of Neogene Life for the Southeastern United States“. San Jose State University. Архивирано од изворникот на 2013-04-23. Посетено на 21 September 2018.
Претходно: протерозоик | 542 мг - фанерозоик - денес | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
542 мг - палеозоик - 251 мг | 251 мг - мезозоик - 65 мг | 65 мг - кенозоик - денес | ||||||||||
камбриум | ордовик | силур | девон | карбон | перм | тријас | јура | креда | палеоген | неоген | квартар |