Ла Палма
Ла Палма, или Сан Мигел де ла Палма — најсеверно-западниот остров на Канарските Острови, Шпанија. Ла Палма има површина од 706 км2 што го прави петтиот по големина од седумте главни Канарски Острови. Вкупното население е околу 86.000, од кои 18.000 (податоци од 2003 година) живеат во главниот град Санта Крус де ла Палма и околу 20.000 (податоци од 2004 година) во Лос Љанос де Аридане. Ла Палма има статус на „сестрински град“ со Ел Дорадо Хилс, Калифорнија. Неговата највисока планина е Роке де Лос Мучачос, на 2.426 метри, што е втора меѓу врвовите на Канарските Острови по масивот Теиде на Тенерифе.
Знаме на Ла Палма | |
Географија | |
---|---|
Место | Атлантски Океан |
Координати | 28°40′N 17°52′W / 28.667° СГШ; 17.867° ЗГД |
Архипелаг | Канарски Острови |
Површина | 708,32 км2 |
Највисоко место | 2,426 м |
Највисока точка | Роке де Лос Мучачос |
Држава | |
Шпанија | |
Автономна заедница | Канарски Острови |
Покраина | Санта Крус де Тенерифе |
Главен | Санта Крус де ла Палма |
Најголема населба | Лос Љанос де Аридане (pop. 21,145 (2011)) |
Демографија | |
Население | 85,225[1] (2013) |
Густина | 122 /km2 (316 /sq mi) |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
• Лето (ЛСВ) |
|
Во 1815 германскиот геолог Леополд фон Бух ги посетил Канарските Острови. Како резултат на неговата посета на Тенерифе, каде што ја посетил калдерата Лас Канедас, а подоцна и онаа во Ла Палма, каде што ја посетил калдерата Табуриенте, бил воведен шпанскиот збор за казан со котел или голем сад за готвење - „калдера“ во геолошкиот речник. Во центарот на островот е националниот парк Калдера де Табуриенте, еден од четирите национални паркови на Канарските Острови.
Историја
уредиЗа време на европската колонизација, Канарските Острови биле населени од Гуанчите, иако домородците на Ла Палма се попознати како Ауаритас. Потеклото на овие домородци е нејасно, но се верува дека го делат заедничкото потекло со берберските племиња од Северна Африка. Гуанчите имале неолитска култура, и тие биле поделени на неколку кланови предводени од главатари. Нивното име за Ла Палма било Бенахоре. Главните остатоци од оваа култура се нивните пештери, камени патеки низ планините итн. По шпанската окупација на Ла Палма, месните жители исчезнале или биле убиени, или пак биле продавани во ропство или биле асимилирани.
Се верува дека Канарските Острови биле познати на Феникијците и Грците, но најраните пишани докази ги напишал римскиот писател Плиниј Постариот, според кој берберскиот крал Јуба II испратил експедиција на Канарските Острови и Мадејра. Тој ги именувал Канарските Острови според особено жестоките кучиња на островот. Џеновскиот морепловец Ланселото Малоцело пристигнал архипелагот во 1312 година и останал две децении додека не бил протеран. Во 1404 Шпанците започнале да ги освојуваат островите. Иако првото пристигнување на островот се случило во 1405 година, освојувањето траело до 1493 година и неколку крвави битки се случиле до последниот отпор на домородците. Освојувачот на Ла Палма бил Алонсо Фернандес де Луго. Тој владеел со областа позната како Ацеро.
Во следните два века, населбите на Ла Палма станале богати бидејќи островот служел како трговско место на патот кон Новиот Свет.
Геологија
уредиЛа Палма, како и другите острови на архипелагот Канарските Острови, е вулкански океански остров. Вулканот се издига скоро 7 километри над површината на Атлантскиот Океан. Има висина од нивото на морето до врвот од 2.426 метри[1], односно неговата највисока карпеста планина Роке де Лос Мучачос. Врвот претставува страницата на опсерваторијата Роке де Лос Мучачос, една од светските астрономски опсерватории.
Географијата на Ла Планма е резултат на вулканска формација на островот. Највисоките врвови достигнуваат над 2.400 метри надморска височина, а основата на островот се наоѓа на речиси 4.000 метри под нивото на морето. Во северниот дел на Ла Палма доминира Калдера де Табуриенте, со ширина од 9 километри и длабочина од 1.500 метри. Таа е опкружена со прстен од планини од 1.600 м до 2.400 м во висина. На нејзината северна страна се наоѓаат остатоци од оригиналното крајбрежје. Длабоката клисура Баранко де лас Ангустијас води кон внатрешноста на калдерата, која е прогласена за национален парк и до неа може да се пристигне единствено со пешачење. Надворешните падини се пресечени од бројни клисури кои се движат од 2.000 метри до морето.
Од Калдера де Табуриенте на југ се наоѓа сртот Кумбре Нуева, кој и покрај неговото име е постар од Кумбре Виеха. Јужниот дел на Ла Палма се состои од Кумбре Виеха, вулкански гребен формиран од бројни вулкански конуси изградени од лава. Овој вулкан моментално е активен - но заспан, со последната ерупција која се појавила во 1971 година.
Клима
уредиЛа Палма има блага и доследна тропска клима, која во Кепеновата класификација на климата е претставена како BSh. Има значителни влијанија на средоземната клима поради нејзините прилично влажни зими.
Климатски податоци за Аеродром Ла Палма 33м (1981–2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 27.0 (80.6) |
31.0 (87.8) |
32.8 (91) |
36.6 (97.9) |
32.4 (90.3) |
29.4 (84.9) |
38.4 (101.1) |
38.0 (100.4) |
36.8 (98.2) |
34.4 (93.9) |
31.6 (88.9) |
28.1 (82.6) |
38.4 (101.1) |
Прос. висока °C (°F) | 20.6 (69.1) |
20.7 (69.3) |
21.2 (70.2) |
21.6 (70.9) |
22.6 (72.7) |
24.1 (75.4) |
25.5 (77.9) |
26.3 (79.3) |
26.6 (79.9) |
25.5 (77.9) |
23.5 (74.3) |
21.8 (71.2) |
23.33 (74.01) |
Сред. дневна °C (°F) | 18.1 (64.6) |
18.0 (64.4) |
18.5 (65.3) |
18.9 (66) |
20.0 (68) |
21.7 (71.1) |
23.1 (73.6) |
23.9 (75) |
24.0 (75.2) |
22.8 (73) |
20.9 (69.6) |
19.3 (66.7) |
20.77 (69.38) |
Прос. ниска °C (°F) | 15.5 (59.9) |
15.3 (59.5) |
15.7 (60.3) |
16.2 (61.2) |
17.4 (63.3) |
19.2 (66.6) |
20.7 (69.3) |
21.4 (70.5) |
21.3 (70.3) |
20.2 (68.4) |
18.3 (64.9) |
16.7 (62.1) |
18.16 (64.69) |
Најниска забележана °C (°F) | 9.4 (48.9) |
10.9 (51.6) |
10.2 (50.4) |
10.0 (50) |
11.0 (51.8) |
15.2 (59.4) |
14.9 (58.8) |
16.7 (62.1) |
16.4 (61.5) |
15.3 (59.5) |
10.0 (50) |
10.0 (50) |
9.4 (48.9) |
Прос. дожд мм (ин) | 49 (1.93) |
57 (2.24) |
33 (1.3) |
19 (0.75) |
7 (0.28) |
2 (0.08) |
1 (0.04) |
1 (0.04) |
12 (0.47) |
41 (1.61) |
70 (2.76) |
80 (3.15) |
372 (14.65) |
Прос. бр. дождливи денови | 5 | 4 | 4 | 3 | 1 | 0 | 0 | 0 | 2 | 5 | 7 | 8 | 40 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 141 | 146 | 177 | 174 | 192 | 188 | 222 | 209 | 187 | 175 | 140 | 138 | 2.106 |
Извор: Државна метеоролошка агенција[2] |
Управа
уредиОстровот е дел од покраината Санта Крус де Тенерифе. Островот е поделен на 14 општини:
Економија
уредиЛокалната економија првенствено се заснова на земјоделството и туризмот. Бананите се одгледуваат низ целиот остров со многу фарми на западната страна на островот во долината на Лос Љанос де Аридане. Други култури вклучуваат: стрелиција, портокали, авокадо и грозје (кои растат добро на вулканска почва). Виното од грозјето е ценето. Локални фармери од своите стада со крави, овци и кози прават сирење.
Флора и фауна
уредиЛа Палма има богат растителен живот, вклучувајќи и неколку ендемски видови.
Иако поголемите површини се уништени, високите области на Ла Палма ги задржуваат некои од зимзелените умерени облачни шуми (ловоровска шума), каде што видови на Lauraceae, карактеристична компонента за регионот.
Pinus canariensis може да се најде на сите западни Канарски Острови, но тоа е во особено изобилство на Ла Палма. Боровите шуми се дом на две неодамна откриени и екстремно ретки видови на Ла Палма: Lotus eremiticus и L. pyranthus. Spartocytisus supranubius е родното место на Ла Палма и Тенерифе, и живее единствено на овие два острови. Echium pininana е ендемски за Ла Палма и највисокиот вид во родот, достигнувајќи над 4 метри.
Неколку животни се родени или ендемски во Ла Палма, вклучувајќи ги:
Култура
уредиОстровот е претежно римокатолчки, а од 1676 година е познат по фестивалот на Fiestas Lustrales de la Bajada de la Virgen de las Nieves. Фестивалот го претставува танцувањето на „енаносите“. Костимите што луѓето ги носат имаат дупка на врвот на шапката за да им дозволат да гледаат, додека даваат изглед на танцувачки џуџиња. Луѓето доаѓаат од целиот свет за прославата што се случува на секои пет години. Сликата на Богородица е симната од нејзиното светилиште (се наоѓа во ридско подрачје на периферијата на Санта Крус де Ла Палма) и парадира низ градот Санта Крус со фестивалот кој трае речиси две недели. Последен пат овој настан бил организиран во 2015 година, а следниот ќе биде во 2020 година.
Снежната Богородица е заштитник на Ла Палма. Многу жени на островот го имаат името „Нивес“ во нејзина чест. Секој 5 август се слави годишниот фестивал на Богородица.
Сообраќај
уредиЛа Палма има патна мрежа од околу 1.200 километри. Сите главни патишта се асфалтирани и во добра состојба, иако постојат многу остри кривини, некои многу тесни. Со цел да се стигне до некои мали населби во северниот дел на островот, неопходно е да се патува по земјишни патеки. Еден добар асфалтен пат од приближно 180 километри се наоѓа по целиот островот. Постојат неколку автобуски линии што ги спојуваат главните локации на островот.
Постои пат кој се протега од Лос Љанос де Аридане до главниот град на островот Санта Крус де Ла Палма. Овој пат претставува автопат со две ленти, кој вклучува и тунели кои одат право преку врвот на планината. Постариот тунел е пократок (1.100 метри) и повисок од поновиот тунел (2.880 метри). Кога се патува од едната страна од планината до другата, вообичаено е да влезе во зона исполнета со облаци (на источната страна) и да се излезе на сончева страна (западната страна). Ова се должи на облаците кои не можат да ги преминат планините.
Аеродромот Ла Палма служи на островот, а неколку авиокомпании работат на аеродромот. Исто така постои и ферибот услуга.
Најпознатите структури на Ла Палма се водените тунели кои ја носат водата од извори во планините до градовите, селата и фармите (главно со насади од банани). Ла Палма добива речиси целокупно снабдување со вода. Постои широка мрежа на канали за наводнување во долината на Лос Љанос де Аридане. Овие канали носат вода од планините низ целата долина и го овозможуваат одгледувањето на банани, авокадо, цвеќиња и други растенија.
Галерија
уреди-
Плажа со црн песок
-
Вулканот Сан Антонио
-
Плажата Ќарко Верде
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 ISTAC "Instituto Canario de Estadistica" (In Spanish). Retrieved April 24, 2009
- ↑ „Valores climatológicos normales. La Palma Aeropuerto“.
Надворешни врски
уреди„Ла Палма“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за La Palma. |
- Official Tourism Website Архивирано на 15 февруари 2014 г.
- Official La Palma Website (Spanish)
- La Palma – The official website of the Canary Islands Архивирано на 5 мај 2015 г.
- Stargazing Sites on La Palma