Стрелиција
Стрелиција (науч. Strelitzia) — род од пет вида повеќегодишни растенија, со потекло од Јужна Африка. Припаѓа на растителното семејство Strelitziaceae.[3] Родот го носи името на војводството Мекленбург-Стрелиц, родното место на кралицата Шарлот од Велика Британија. Вообичаено име на родот е рајско цвеќе / цветот рајска птица, поради сличноста на нејзините цвеќиња со рајските птици.
Стрелиција | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Монокотиледони |
клад: | Комелиниди |
Ред: | Ѓумбировидни |
Семејство: | Стрелиции |
Род: | Стрелиција Banks[1][2] |
Типски вид | |
Кралска стрелиција (Strelitzia reginae) | |
Видови | |
Некои видови се широко одгледувани како украсни растенија на отворено, а некои на затворено во саксии. Стрелицијата е зимзелено растение, која во своето природно живеалиште расте како диво растение. Нивните лисја се како лисја од банана, а пламениот цвет е како глава на рајска птица.[4]
Опис
уредиВидот николајска стрелиција е најголем во родот, достигнувајќи 10 метри висина, со одлични бели и сини цвеќиња; другите видови обично достигнуваат висина од 2 до 3,5 метри. Тие се повеќегодишни растенија, со дрвенести стебла или тревни без стебла, образувајќи густи групи на бројни ластарки. Лисјата се големи и долги 30 — 200 см и широки 10 — 80 см распоредени спротивно во два реда во една рамнина, образувајќи „вентилатор“. Цветовите се исклучителни, со особен облик.[5]
Размножување
уредиТие се опрашуваат од нектарниците (сончеви птици). Стрелицијата нема природни опрашувачи како инсекти; затоа во области без нектарници, на растенијата од овој род обично им е потребно рачно опрашување со цел успешно да има семе.[6]
Видови
уреди- Strelitzia alba (бела стрелиција)
- Strelitzia caudata (планинска стрелиција)
- Strelitzia nicolai (николајска стрелиција)
- Strelitzia reginae (кралска стрелиција)
- Strelitzia juncea
Наводи
уреди- ↑ „Strelitzia Banks“. Plants of the World Online. The Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. n.d. Посетено на 15 јуку 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Strelitzia Banks“. Catalogue of Life. Species 2000. n.d. Посетено на 15 јули 2022.
- ↑ „Tropical Flower Guide“. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 30 ноември 2012.
- ↑ „Our House Plants - Bird of Paradise“. Посетено на 18 јули 2014.
- ↑ Eliovson, Sima (1981). Shrubs, trees, and climbers. Macmillan South Africa. ISBN 0-86954-011-4. Посетено на 2009-09-12.
- ↑ Ogren, Thomas (2015). The Allergy-Fighting Garden. Berkeley, CA: Ten Speed Press. стр. 200. ISBN 978-1-60774-491-7.
- ↑ Cron, Glynis V.; Pirone, Cary; Bartlett, Madelaine; Kress, W. John; Specht, Chelsea (2012). „Phylogenetic Relationships and Evolution in the Strelitziaceae (Zingiberales)“. Systematic Botany. 37 (3): 606–619. doi:10.1600/036364412X648562. S2CID 17046806.
Надворешни врски
уреди- Стрелиција на Ризницата ?