Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лавце
Свети Ѓорѓи — црква во тетовското село Лавце.[1] Според легендата црквата потекнува од средината на 19 век. Имено тука дошла некоја жена од Русија на која ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа и трпезарија која со годините прераснува во конак каде што се собираат на селската слава „Св. Атанасиј“ и на празникот Св. Ѓорѓи. Црквата била цел на кражби и оштетувања.[2]
Свети Ѓорѓи
| |
[[Податотека:|250px]]
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Четврта тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Лавце |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Великомаченик Георгиј |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ „свети Ѓорѓија во село Лавце“. КИСС ТВ. 15 август 2009. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-16.
- ↑ Ефтоски, Гојко (1 април 2008). „Оштетена и ограбена црква во село Лавце“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-16.
„Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лавце“ на Ризницата ? |
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |