К’шлар

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од К’салар)

К’шлар или К’салар (грчки: Αχλαδοχώρι, Ахладохори; до 1926 г. Κιοσαλάρ, Ќосалар или Κισσαλάρ; Кисалар[2], до 1955 г. Μανδαραί, Мандаре[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 404 жители (2011).

К’шлар
Αχλαδοχώρι
Црквата во К’шлар
Црквата во К’шлар
К’шлар is located in Грција
К’шлар
К’шлар
Местоположба во областа
К’шлар во рамките на Постол (општина)
К’шлар
Местоположба на К’шлар во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.13′N 22°20.32′E / 40.83550° СГШ; 22.33867° ИГД / 40.83550; 22.33867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&1000000000000006000000060 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно404
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак. Се наоѓа на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.[4][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица.[6] Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села.[6] На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).[7] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.[8]

Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.[6]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 655 564 645 491 506 501 417 404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Селото е полупланинско и релативно пасивно. Главни производи се житото, тутунот, сусамот, детелината и др. Делумно е застапено и сточарството.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσαλάρ -- Μανδαραί
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μανδαραί -- Αχλαδοχώριον
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 72.
  7. К’шлар на порталот на поранешната Општина Кир Архивирано на 10 август 2011 г. (грчки)
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.