Пиринска Бистрица

река во Пиринска и Егејска Македонија
(Пренасочено од Бистрица (Пиринска))

Пиринска Бистрица или само Бистрица — лева притока на Струма во Светиврачко и Петричко, Пиринска Македонија, со мал дел во Валовишко (Демирхисарско) во Егејска Македонија. Долга е 53 км и ги одводнува југозападните делови на Пирин и северните падини на Славјанка.[1]

Пиринска Бистрица
Местоположба
МестоПиринска и Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоАргирово Езеро, Пирин
 • надм. вис.2.365 м
Устие 
 • место
Струма кај Драготин, Валовишко
 • координати
41°43′49″N 23°09′19″E / 41.7303° СГШ; 23.1553° ИГД / 41.7303; 23.1553
 • надм. вис.
69 м
Должина53 км
Големина на сливот507 км2
Проток 
 • просечен3,3 м3
Особености на сливот
ТечениеСтрумаЕгејско Море
Поглед од горниот тек на реката Пиринска Бистрица кај месноста Лаките

Реката извира од јужниот агол на Аргировото Езеро (на 2.365 м.н.в.), сместено заедно со Митровото Езеро (на 2.291 м.н.в.) во Демиркапискиот Цирк на Северен Пирин.[2] Под името Третата (Демиркаписка) Река тече на југ во длабока коритеста долина. Кај планинарскиот дом „Пирин“ свртува на југоисток и веќе под името Пиринска Бистрица навлегува во мошне пошумено подрачје, постепено насочувајќи се кон југ. Кај селото Пирин реката прави голям завој на југозапад и влегува во долина со слаба растителност и соголени падини. Кај селото Катунци излегува од планината и влегува во источниот дел на Светиврачко-петричката Котлина, а долината ѝ се проширува и исплитчува. На 500 м јужно од Ново Хоџово од лево се влева втората по големина притока Петровска Река и ова место до устието, во должина од 7 км, поминува бугарско-грчката граница. Завршува во реката Струма како нејзина лева притока, на 69 м.н.в., 1,4 км западно од селото Драготин (Промахон) во Валовишко.

Сливот на реката зафаќа 507 км2, што претставува 2,93 % од вкупниот слив на Струма. Сливните граници на Пиринска Бистрица се следниве:

  • на запад — со сливот на Мелничка Река, лева притока на Струма;
  • на југ — со сливовите на мали леви притоки на Струма;
  • на исток — со сливот на Места.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Крајната Река (Кељова Река)
  • ← Средната Река (Башмандренска река)
  • → Сипливица (Саплиица)
  • → Асаничка Река (Калугеровска Река)
  • → Белата Река
  • → Черна Река
  • ← Козји Дол
  • ← Брштелница
  • ← Черешница
  • → Калиманска Река (најголема)
  • ← Златолистки Поток
  • → Петровска Река
  • → Баслица (во Егејска Македонија)

Пиринска Бистрица се напојува претежно од снег и дожд. Најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември. Средниот годишен истек кај селото Пирин изнесува 3,3 м3. Средниот наклон на течението е 43 ‰.

По течението на реката во Општина Свети Врач (Сандански) има 4 населени места: Пирин, Горно Спанчево, Катунци и Ново Хоџово.

Реката се користи за наводнување и производство на хидроенергија. Порибена е со пастрмка и мрена.

По нејзинито десен брег, во должина од 9,3 км меѓу селата Горно Спанчево и Катунци минува делница од државниот пат III-198: Неврокоп (Г. Делчев) – Петрич – ГП „Златарево“ кон Ново Село, Р Македонија.

Поврзано

уреди

Карти

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 2011, стр. 267
  2. Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 48