Крсте Николов Колоски

македонски зограф
(Пренасочено од Крсте Колоски)

Крсте Николов Коло(в)ски или Дулев (1839 - 1938) — истакнат македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа.[1]

Крсте Николов Колоски
Крсте Коловски со свое дело околу 1910 г.
Роден(а)1839
Лазарополе, Реканско
Починал(а)1938
Лазарополе, Реканско
НационалностМакедонец
Занимањезограф, иконописец
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Роднини

Животопис

уреди

Роден е во 1839 г. во мијачкото село Лазарополе. Потекнува од големиот зографски род Дулеви (Коловци), чијшто основоположници се дедо му Дуле и татко му Никола Крстев. Крсте изработил икони во црквите „Св. Никола“ во Мраморец и „Св. Ѓорѓи“ во Злести, Тетовско. Негово дело е и иконата на Кирил и Методиј од 1881 година во црквата „Св. Илија“ во Зарово, Солунско.[1]

На влезот на црквата „Св. Атанасиј“ во Рајчица има натпис:

Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Ангеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат – од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе.[2]

Во 1881, 1883 и 1885 г. заедно Никола Михајлов и Станко Цветков - Мијак од Крушево работел на иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Македонски Брод.[3]

Подоцна Крсте се преселил во Охрид, каде за помошник го зел Серафим Тризла. Често работел со брата си Константин. Ги обучил синовите Рафаил и Русалим, со кои потоа често творел.[1] Во својот тефтер напишал дека во 1890 г. работел со брат му Коста во Софија, каде дале 932 гроша за бои, а оттаму „во Ломско зафаќаме во Сталинска Маала и во Белоградчик“.[4] Во црквата „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала има икона потпишана и датирана во 1891 г. На оваа необична икона се претставени светците Евстатиј, Трифун и Јулијан како ги држат нивните атрибути: Евстатиј — страк пченка, Трифун — лозарски нож (косир) и лозово гранче, а Јулијан — житни стебла.[5]

Николов како и татко му пред него работел и во Ќустендил и Ќустендилско, како и во Горна Џумаја, Пиринска Македонија.[4]

 
Натписот во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце со името Крсто Нїколић

Во 1895 г. Крсте ги насликал иконите за иконостасите на црквите во струшките села Горна и Долна Белица,[6] потпишувајќи се на грчки (заради патријаршиските правила) како Ставрос Николау.[7]

Иконите во црквата „Св. Богородица“ во Волино се изработени од Крсте Колоски и неговиот син Рафаил.[8] Иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во Јудово исто така се негово дело, овојпат заедно со синот Русалим. Фреските се од 1902 г.[9] Околу 1919 г. Крсте заедно со синот Рафаил и Димитар Андонов (Донев) творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите со Рафаил ја живописал новата црква во манастирот „Сите Светители“ во Лешани.[6] Во 1928 г. со Рафаил ја зографисал и црквата „Св. Мина“ во Коњско.[8] Следната 1929 г. двајцата ја живописале „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, Охридско.[8]

 
Исус Христос во „Св. Никола“, Тетово, 1904 г. Изработена од Крсте со брат му Константин и синот Русалим.

Крсте работел и низ Солунско, Тетовско, Ќустендилско, во селската црква во родното Лазарополе, а негови творби се наоѓаат и во цркви на Косово и остатокот од Јужна Србија.[6]

Крсте Колоски починал 1938 година во Лазарополе.[1][6]

Родословие

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Дуле
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Никола Дулев
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Крсте Николов
(1839 - 1938)
 
 
 
 
 
 
 
 
Константин Николов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Русалим Крстев
 
 
 
Рафаил Крстев
 
Томо Константинов
 
Јаким Константинов
 
Теодосиј Константинов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владимир Рафаилов
 
 
 
Крсте Рафаилов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 244.
  2. Јовчевски, Петко и Методија Јовчевски (2000). Рајчица и Рајчка парохија – крајот на XIX и првата половина на XX век. Дебар. стр. 45-46 и 57. no-break space character во |title= во положба 26 (help)
  3. Николоски, Дарко (3 – 5 јуни 2012, стр. 358). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. no-break space character во |date= во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. 4,0 4,1 Гергова, Иванка, Елена Генова, Иван Ванев, Майя Захариева (2017). Дебърски майстори във Видинска епархия, том I. София: Институт за изследване на изкуствата – БАН. стр. 15. ISBN 978-954-8594-66-0.
  5. Гергова, Иванка, Елена Генова, Иван Ванев, Майя Захариева (2017). Дебърски майстори във Видинска епархия, том I. София: Институт за изследване на изкуствата – БАН. стр. 18. ISBN 978-954-8594-66-0.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Крсте Николов Колоски (1839 – 1938)“. Посетено на 1 април 2014. no-break space character во |title= во положба 28 (help)
  7. Малески, Владо (1970). Струга и Струшко: историја, стопанство, култура, уметност, образовање, здравство, физичка култура. Струга: Собранието на општина Струга. стр. 343.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.
  9. „Кичевско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 16 март 2014.

Надворешни врски

уреди