Рафаил Крстев
Рафаил (Рафе) Крстев Дулев Коловски — македонски зограф и иконописец.
Рафаил Крстев | |
---|---|
Роден(а) | Лазарополе, Реканско |
Националност | Македонец |
Занимање | зограф, иконописец |
Познат(а) по | цркви и манастири |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
|
Родители | Крсте Николов Колоски (татко) |
Роднини | Русалим Крстев (брат) |
Животопис
уредиРоден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓа на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Рафаил е син на истакнатиот зограф Крсте Николов Колоски кај кого се обучувал за зограф и со кого често работел по обуката. Брат му Русалим Крстев исто така станал иконописец.[1]
Иконите во црквата „Св. Богородица“ во охридското село Волино се изработени од Крсте Н. Колоски и син му Рафаил Крстев.[2] Околу 1919 г. Крсте заедно со син му Рафаил и мајсторот Димитар Андонов творел во црквата „Св. Атанасиј“ во Радиовце, Тетовско. Во 1920-тите Крсте со Рафаил ја живописал новата манастирска црква „Сите Светители“ во охридско Лешани.[3]
Во 1923 г. Рафаил ги насликал иконите за црквата „Св. Троица“ во Горенци, Охридско.[2]
Рафаил ја живописал црквата „Св. Мина“ во охридско Коњско заедно со татко му во 1928 г.[2] Во 1929 г. двајцата ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Скребатно, исто така во Охридско.[2][3]
Рафаил имал два сина, Крсте и Владимир, кои ги обучувал за зографи и со кои заеднички работел. Во 1944 г. Рафаил и Крсте ги насликале црквите „Св. Илија“ во Рамне и „Св. Кузман и Дамјан“ во Пештани.[2] Истата година Рафаил заедно со двата сина ја живописал и црквата „Св. Илија“ во Елшани. Во 1946 г. Рафаил го насликал манастирот „Св. Илија“ кај Велгошти.[2]
-
Иконостасот во црквата
-
„Исус Христос“
-
„Крштение Господово“
-
„Светиот евангелист Лука“
-
„Светиот евангелист Марко“
Родословие
уредиДуле | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Никола Дулев | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Крсте Николов (1839 - 1938) | Константин Николов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Русалим Крстев | Рафаил Крстев | Томо Константинов | Јаким Константинов | Теодосиј Константинов | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владимир Рафаилов | Крсте Рафаилов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 244.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Охридско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 17 март 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Крсте Николов Колоски (1839 - 1938)“. Посетено на 1 април 2014.