Константин Николов (зограф)

македонски зограф

Константин Николов (Колов, Коловски) Дулевмакедонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа и припадник на зографскиот род Коловци.

Константин Николов
Роден(а)XIX век
Лазарополе, Реканско
Починал(а)XX век
НационалностМакедонец
Занимањеиконописец, зограф
Активен период1891 - 1927
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Деца
РодителиНикола Крстев (татко)

Животопис

уреди
 
Христос Седржител на таваница во „Св. Богородица“ во Македонски Брод, 1900 г.
 
Исус Христос, црква „Св. Никола“, Тетово, 1904 г. Автори: Крсте и Константин Николови и Русалим Крстев од Лазарополе.
 
Надвлезната фреска во „Успение на пресв. Богородица“ во Слоештица.

Роден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓал на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Често работел заедно со брат му Крсте Николов.[1] Двајцата во 1891 г. работеле во „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала, Ломско, Бугарија.[2]

Во 1898–1899 г. Константин Николов заедно со Никола Аврамов го изработил иконостасот на црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во Буринец, Струшко.[3]

Во 1900 г. учествувал во живописувањето на храмот „Св. Богородица“ во Македонски Брод.[4] Во 1906 г. ги изработил царските двери, влезните врати кон олтарот, дел од иконите на горните редови на иконостасот и амвонските икони за црквата „Св. Петар и Павле“ во битолското село Крстоар.[5]

Во 1909 г. со Крсте Николов ги насликале иконостасните и други икони за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Долно Дупени, Ресенско.[6]

Во 1924 г. со синовите Јаким и Теодосиј ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Слоештица, Демирхисарско.[7]

Во 1926 г. со синовите Јаким, Томо и Теодосиј ја преживописале припратата на лазарополската црква „Св. Ѓорѓи“, за што говори натписот над јужната влезна врата во нартексот: „За успомен и за здравље обновио ових упореду три малих кубета, својим прилогом! Стефан Симоновић Жупчески са породицом. Живописац Коста Николић са синовима Јаћим Томо и Тодосија. Из Лазаропоља, 10 фебр. 1926 г.[8]

Во 1927 г. заедно со синовите Јаким и Теодосиј ги обновиле фреските во црквата „Св. Никола“ во мариовска Градешница, сликајќи ги горните подрачја на страничните кораби и средишниот кораб.[9]

Родословие

уреди
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Дуле
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Никола Дулев
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Крсте Николов
(1839 - 1938)
 
 
 
 
 
 
 
 
Константин Николов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Русалим Крстев
 
 
 
Рафаил Крстев
 
Томо Константинов
 
Јаким Константинов
 
Теодосиј Константинов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Владимир Рафаилов
 
 
 
Крсте Рафаилов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Наводи

уреди
  1. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 244.
  2. Гергова, Иванка, Елена Генова, Иван Ванев, Майя Захариева (2017). Дебърски майстори във Видинска епархия, том I. София: Институт за изследване на изкуствата – БАН. стр. 15. ISBN 978-954-8594-66-0.
  3. „Изложба на икони на свети Наум Охридски во иконописот на Дебарско-кичевската епархија од XVIII и XIX век“. Македонска Православна Црква. 6 октомври 2010. Посетено на 15 јануари 2014.
  4. Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓането на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура - Прилеп, Инсититут за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 71. Посетено на 6 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Палигора, Ристо (декември 2011). за манастирски туризам на Баба Планина.pdf Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 35.[мртва врска]
  6. Палигора, Ристо. Каталог Цркви и Манастири на Баба Планина. Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 24. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2 јули 2015.
  7. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 76. ISBN 978-608-65616-4-2.
  8. Поповска-Коробар, Викторија. „За иконостасот на црквата Св. Ѓорѓи во Лазарополе“. Патримониум.мк. Скопје (11): 237.
  9. „Црква Свети Никола село Градешница“. Општина Новаци. Посетено на 2 јули 2015.