Црква „Св. Никола“ - Мраморец
Св. Никола — црква во охридското село Мраморец, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Годивска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°23′3.1″N 20°52′36.0″E / 41.384194° СГШ; 20.876667° ИГД |
Место | Мраморец |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1846 - 1886 |
Архитектонски опис | |
Стил | преродбенички |
Црквата е градена четириесет години, од 1846 до 1886 г. и претставува гробишен храм. Во 1896 г. иконостасот, амвонот и владичкиот престол на храмот се изработени од дебарскиот копаничар Јаким Тодоров.[1] Во него име икони од мијачкиот мајстор Крсте Колоски.[2] Се смета дека црквата била целосно завршена во 1909 г.
Храмот е изграден од кршен и делкан камен, има големи димензии и седумстрана апсида на исток, целата од бигор со слепи аркади.[3]
На два метри југоисточно од апсидниот дел на храмот се наоѓа постарата црква, исто така посветена на Свети Никола, која претставува еднокорабен храм од камен со полукружна апсида.[3] Во црквичката може да се забележат неколку стари, но потполно уништени, икони.[4]
Зафати и преосветување
уредиЦрквата е реконструирана во 1996 г. според плоча на фасадата.[5] До летото 2011 г. црквата се одликувала со сиромашен фрескопис и иконопис, но тогаш, таа била целосно насликана со фрески. Автор на фреските е битолскиот уметник Стефан Малбашиќ, а црквата биле преосветена на 16 септември 2012 г. Согласно каноните, храмот бил преосветен од митрополитот Тимотеј во сослужение на протојерејот Игор Никовски и свештеникот Душан Јорданоски.[6]
Слики
уреди-
Предната фасада
-
Иконостасот
-
Икона на св. Никола
-
Фреска со св. Кузман и Дамјан и св. Пантелејмон
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 242.
- ↑ Василиев, стр. 244
- ↑ 3,0 3,1 „Цркви и манастири во Охридско“. МИА. 2 март 2015. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 28 јули 2017.
- ↑ Гоце Ангеличин - Жура, Христијански храмови и свети места во Охридско, Охрид, 2007
- ↑ Слика од фасадната плоча
- ↑ Преосветување на храмот „Св. Никола“ во с. Мраморец, Охрид, Дебарско-кичевска епархија
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Мраморец на Ризницата ?