Јован Хаџи-Васиљевиќ
Јован Хаџи-Васиљевиќ (Врање, 18 октомври 1866 — Белград, 29 март 1948) бил српски историчар, етнограф и книжевник.
Биографија
уредиОсновна школа завршил во Врање, гимназија во Врање и Ниш, а Велика школа (историско-филолошки одсек) во Белград. Докторат од областа на филозофијата положил во Виена во 1898 година. Како чиновник на Министарството за надворешни работи бил во служба од 1898 до 1904 во Битола, Скопје и Белград.
Државната служба ја напуштил во 1904. Од тогаш па до 1940 година бил секретар на Друштвото Свети Сава. Цело време работел на националното просветлување на Србите во Турција. Бил учесник во Балканските војни и Првата светска војна.
Јован Хаџи-Васиљевиќ напишал голем број на трудови од областа на историјата, географијата и етнологијата. Вредноста на неговите дела е во тоа што се засновани на теренски истражувања, а посебно на просторот на Стара Србија и Македонија. Бил уредник на списанието Браство, билтен на Друштвото Свети Сава.
Дела
уредиНајзначајни дела на Јован Хаџи-Васиљевиќ се:
- Прилеп и његова околина, Београд, 1902;
- Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања I–II, Београд, 1909, 1913;
- Бугарска зверства у Врању и околини 1915-1918 , Нови Сад, 1922;
- Четничка акција у Старој Србији и Маћедонији, Београд, 1928;
- Хаџи-Васиљевић, Јован (1930). Скопље и његова околина: Историска, етнографска и културно политичка излагања. Београд: Штампарија Свети Сава.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Аутобиографија, Врање, б. г.