Кохтла-Јарве
Кохтла-Јарве (естонски: Kohtla-Järve, руски: Кохтла-Ярве) — град и општина во североисточниот дел на Естонија, кој бил основан во 1924 година и својот статус како град го добил во 1946 година. Во градот постојат голем број на високи индустриски капацитети и е познат како голем производител на различни нафтени производи. Во градот живее население со различен етнички состав. Според еден извор, постојат 40 различни етнички групи[2]. Само 21% од населението се етнички Естонци, додека поголемиот дел се Руси. Кохтла-Јарве е петтиот по големина град во Естонија.
Кохтла-Јарве | |||
---|---|---|---|
Град Општина | |||
Кохтла-Јарве | |||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Estonia" does not existМестоположба на градот на картата на Естонија | |||
Координати: 59°24′N 27°17′E / 59.400° СГШ; 27.283° ИГД | |||
Country | Естонија | ||
Округ | Ида-Виру | ||
Основање | 1241 | ||
Градски статус | 1946 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Јевгени Соловјов (ЦП) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 68,77 км2 (2,655 ми2) | ||
Население (1 јануари 2016) | |||
• Вкупно | 35,928[1] | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски код | 30323 to 30326 | ||
Повик. бр. | (+372) 33 | ||
Мреж. место | www.kohtla-jarve.ee |
Кохтла-Јарве е една од најдолгите општини во земјата. Тоа се должи на местоположбата на двата делови во градот, Јарве и Атме, чие население живее по должина од 10 километри. Неколку други населени места во североисточниот дел на реонот се поврзани со рударство.
Историја
уредиИсторијата на Кохтла-Јарве е тесно поврзана со историјата на екстракција на нафта од шкрилци, како главен минерал во Естонија. Во Данската книга на земјите, Јарве и Кукрусе за првпат се споменуваат како села во 1241 година од страна на Јериус и Кукарус, додека селото Сомпа во 1420 година било споменато под името Соенпе.
Месните жители биле свесни за големите запаливи на нафтени шкрилци во античките времиња, но неговата индустриска екстракција во Естонија започнала во XX век. Во 1916 година, истражувањата покажале дека нафтените шкрилци можат да се користат како гориво и како суровина за хемиската индустрија. Така во следниот период започнало да се развива рударството во близина на селото Јарве. Во 1919 година била формирана Државната корпорација за нафтени шкрилци. Во текот на овој период започнале да се основаат и првите населени места од страна на работниците во непосредна близина на рудниците. Во 1924 година била изградена фабрика за преработка на нафта од шкрилци во близина на железничката станица Кохтла.
Во текот на Втората светска војна, вредноста на естонските шкрилци се зголемила. Германците, кои живееле на територијата на Естонија, местото го сметале како важен извор на енергија.
По војната земјата паднала под влијание на Советскиот Сојуз, кој барал постојано зголемување на количините на нафтени шкрилци. Градот, како главна населба во областа на рударството, добил статус на град на 15 јуни 1946 година. Од тоа време па до текот на следните дваесет години започнал процесот на административно соединување на околните населени места во рамките на Кохтла-Јарве. Кохтла и Кукрусе биле вклучени во територијата на градот во 1949 година, додека Јохви, Ахтме и Сомпа во 1960 година. Населените места Кивиоли, Пуси и Вивикона биле присоединети во 1694 година. Така Кохтла-Јарве се проширил во голема мера, претворајќи се во град со уникатен изглед, додека неговите делови останале расфрлени меѓу шумите, земјоделските површини и нафтените рудници. Вкупното население на градот се зголемило главно од страна на работниците испратени од различни делови на Советскиот Сојуз, достигнувајќи до 90.000 во 1980 година.
По распадот на Советскиот Сојуз, Естонија повторно ја вратила својата независнос во 1991 година. Во текот на овој период, бројот на градските населби се намалил додека Јохви, Кивиоли и Пуси станале одделни градови. Количински се намалило и екстракцијата и преработката на нафта во текот на 1990-тите години и голем број на граѓани од градот се преселиле во Талин или Русија, поради високата стапка на невработеност во регионот.
Географија
уредиКохтла-Јарве е град со уникатен изглед. Областите на градот се расфрлани низ северниот дел на реонот Ида-Виру во исклучително голема површина. Растојанието помеѓу Јарве и Ору е околу 20 километри.
Градот е поделен на 5 административни региони:
- Јарве (15.656 жители во 2021 година)
- Ахтме (15.602)
- Ору (996)
- Сомпа (754)
- Кукрузе (467)
Население
уредиПопулацијата на населението во Кохтла-Јарве се намалила по распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1990 година[3]. Според податоци од 2013 година, во градот живеат 36.377 жители.
Меѓу населението, околу 14.700 лица се пензионери. Градот е дом на речиси 40 националности. Околу четири петтини од населението зборува руски јазик додека една петтина од населението го зборува естонскиот јазик.
Стопанство
уредиКохтла-Јарве е познат по својата хемиска индустрија. во градот се наоѓа седиштето на Viru Keemia Grupp, естонска холдинг групација на нафтени шкрилци, производство на електрична енергија. Естонската хемиска компанија исто така има производствен погон во Кохтла-Јарве[4].
Сообраќај
уредиГрадскиот превоз во градот се врши со автобуси, шатл автомобили и такси превоз. Започнувајќи од 2015 година, автобуска линија во градот ја опслужува компанијата „Atko bussiliinid“[5]. Линиите се создадени така што го поврзуваат градот со другите региони, како и со соседниот град Јохви. Исто така, Кохтла-Јарве е поврзана со другите населени места со автобуски превоз. Градот има автобуска станица, која се наоѓа во трговскиот центар „Виронија“[6][7].
Образование
уредиВо градот постојат шест средни училишта и осум основни училишта, како и три стручни училишта. Колеџот Вирума е дел од Универзитетот во Талин. Во градот постојат 34 различни спортски објекти. Медицинската нега е обезбедена од страна на шест болници и клиники.
Збратимени градови
уреди
|
|
Галерија
уреди-
Дом на културата
-
Сомпа
-
Административната зграда на Viru Keemia Grupp
Наводи
уреди- ↑ „REL 2011: EESTI ELANIKKOND KOONDUB SUUREMATE LINNADE ÜMBER“. Архивирано од изворникот на 2017-11-22. Посетено на 2016-10-20.
- ↑ „Development plan of the city of Kohtla-Järve for 2007–2016“ (PDF) (естонски). Kohtla-Järve city council. 2006. Архивирано од изворникот (PDF (2.2 Mb)) на 2012-03-19. Посетено на 2011-06-01.
- ↑ Reporter.ee: Ida-Virumaal seisab asula inimtühjana
- ↑ „Eastman Locations: Europe, Middle East & Africa“. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2016-10-20.
- ↑ „обслуживание автобусных линий в Кохтла-Ярве“. Архивирано од изворникот на 2018-09-07. Посетено на 2016-10-20.
- ↑ „Автобусное движение в Кохтла-Ярве“. Архивирано од изворникот на 2015-06-12. Посетено на 2016-10-20.
- ↑ Евгений Капов (2. септември 2014 13:40). „Недовольство новым автовокзалом“. rus.DELFI.ee. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди„Кохтла-Јарве“ на Ризницата ? |
- Official website (естонски) (руски)
- History and demographic information of the town