Валавница — индустриски производствен погон во склоп на железарниците и челичарниците односно металуршките фабрики кој е специјалициран за обработка преку валање на металните профили со што се обликува нивната дебелина и големина. Постојат два вида на валавници во секоја железарница: топла каде железото и челикот се валаат топли и усвитени во вид на полуфабрикати од дебели лимови веднаш штом излезат од процесот на леење во леарница и ладна валавница каде се валаат тенки и дебели лимови со различна големина според нарачката и нивната натамошна производствена употреба во металската и металопреработувачката индустрија. Во Македонија производствени погони ладна и топла валавница (денес приватизирани) во рамки на металуршкиот индустриски комбинат Рудници и железарница „Скопје“.

Демонстрација на надолжна операција на тркалање.

Производствен процес

уреди

Железото и челичните лимови се валаат на посебни видови машини - валјаци каде се поставуваат со кранови и кои носат кон преси за обликување на дебелината и големината. Во Валавницата за ленти производниот процес се одвива во две производни линии: Валачка пруга и Линија на сечење[1]. Слабовите од складиште со кран се поставуваат на влезните групни валци за вложување, и со потисните машини се вложуваат во печките, каде се загреваат до температура за валање (1260ºС)[1]. Слабот од печка паѓа на транспортните валци со кои се транспортира до валачкиот предстан, валачкиот предстан го редуцира слабот во предтрака со дебелина од 25÷32 мм., од предстанот предтраката се транспортира во завршните валачки станови каде се редуцира до бараната дебелина (од 1,8 до 12 мм), по извршената редукција во завршните валачки станови, добиената трака се транспортира во намотачите каде се намотува во калеми, калемите од намотачите со количка, превртувач и траверза се поставуваат на одводната транспортна трака (конвер), од одводната транспотрна трака калемите према намената се транспортираат за линијата на сечење, ладна валалница или на складиште за калеми[1].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „РЖ „Валавница за ленти" - техничко-еколошки елаборат“ (PDF). 2014. Посетено на 26 октомври 2018.