Центар за управување со кризи
Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Македонија е институција која се занимава со анализа, планирање и управување на кризи и ризици во земјата.
Центар за управување со кризи | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 5 октомври 2005 |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 288[1] (2022) |
Раководител | Стојанче Ангелов |
Мрежно место | |
cuk.gov.mk |
Врз основа на член 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија во мај 2005 година до издадоа Указот за прогласување на Законот за управување со кризи. Претходно, законот го донесе Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 22 април 2005 година. Центарот за управување со кризи, како самостоен орган на државната управа, се формира на 5 октомври 2005 година.
Наводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2022 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. септември 2023. Посетено на 21 ноември 2024.