Нова Градишка
Нова Градишка (хрватски: Nova Gradiška) — живописен град во Бродско-посавската жупанија во Хрватска, со население од 14.229 (2011)[1]. Се наоѓа во историскиот регион Славонија, близу границата со БиХ.
Нова Градишка Nova Gradiška | |
---|---|
Местоположба на Нова Градишка | |
Координати: 45°15′N 17°23′E / 45.250° СГШ; 17.383° ИГД | |
Земја | Хрватска |
Жупанија | Бродско-посавска |
Управа | |
• Градоначалник | Јосип Вуковиќ |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 14.229 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Сообраќај
уредиГрадот лежи крај најважната хрватска железница, често опслужувана од патнички возови. Близу минува и магистрала. Градскиот и приградски автобуски превоз е доста развиен.
Туризам
уредиТука има неколку хотели и други одморалишта. Туризмот е добро развиен.
Локални електронски медиуми
уредиЛокалната радиостаница е Радио Нова Градишка (RNG).
Стопанство
уредиНекогаш овој регион бил доста развиен инсутриски регион, главно во металургијата. Заради граѓанската војна индустријата пропаднала. Денес во мали делови работат фабрики за мебел и пиво. Големата иницијатива за создавање на индустриски парк е веќе успешно започната.
Личности
уредиБлизу местото, рано изутрината на 16 октомври 2007 г. во сообраќајна несреќа загинал Тоше Проески, македонска и балканска мегаѕвезда на популарната музика.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Попис на населението, домаќинствата и живеалиштата 2011:“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 16 јули 2007 г. (хрватски)
- Карта на градот Архивирано на 20 јули 2007 г. (хрватски)
- Неоифицијално мрежно место (хрватски)
- Мрежно место на индустрискиот парк Нова Градишка Архивирано на 20 јули 2007 г. (хрватски)
Оваа статија место во Хрватска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |