Панделис Папајоану
Панделис Папајоану, познат како капетан Никоцарас Грка, (грчки: Παντελής Παπαϊωάννου, Καπετάν Νικοτσάρας Γραίκος) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Панделис Папајоану | ||
Роден | Колешино, Струмичко, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1907 Мокриево, Струмичко Македонија |
Животопис
уредиПапајоану е роден во струмичкото село Колешино. Во почетокот дејствувал со Борис Сарафов, а според грчки извори тој бил секретар на неговата чета. Со засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија преминува на страната на грчката кауза и предводи андартска чета, дејствува заедно со Гоно Јотов во реонот на Ениџевардарското Езеро [1][2].
Во пролета 1907 година кон четата на Папајоану се присоединува и четата на Иван Радналијата, за да се засилат грчките дејствија во Струмичко.
Оваа здружена чета ги обиколувала струмичките села Колешино, Зубово и Мокриево, со цел привлекување на нови андарти. На 26 август се предадени од страна на населението и дошле во судир со османлиските сили. Во судирот загинале капетанот Папајоану, Танас од Владиевци и Стоил од Вардаровци, останатите андарти на чело со Иван Радналијата успеваат да се спасат [3]. Од страна на грчките власти во Кукуш е подигната негова бист.[4].
Извори
уреди- ↑ Μαζαράκης, Κ. «Ο Μακεδονικός Αγώνας», έκδ. «Δωδώνη», Αθήνα, 1981, σελ. 92
- ↑ „ΓΙΑΝΝΗΣ ΛΑΖΑΡΗΣ, ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ:ΑΠΟ ΤΟ ΜΥΘΟ... ΣΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ, стр.27“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-05-19. Посетено на 2011-01-26.
- ↑ Κωνσταντίνος Αποστόλου Βακαλόπουλος, Ο ένοπλος αγώνας στη Μακεδονία 1904-1908, εκδόσεις Ηρόδοτος, Θεσσαλονίκη, 1999, σσ. 286 - 287
- ↑ Χατζημητάκος, Θανάσης : Β’ Μνημεία μέσα στην πόλη