Карадере (Драмско)
Карадере или Кара Дере (грчки: Ελατιάς, Елатијас; до 1927 г. Καρά Ντερέ, Кара Дере[1][2]) — напуштено село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Драма во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Карадере Ελατιάς | |
---|---|
Координати: 41°28.50′N 24°19.30′E / 41.47500° СГШ; 24.32167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски |
Општина | Драма |
Надм. вис. | 1.550 м |
Заедница | |
• Население | 0 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 66035 |
Повик. бр. | 25240 |
Географија
уредиКарадере се наоѓа на југозападните падини на Родопите, на истоимената река Карадере. влегува во историско-географската област Рупча (Рупчос), а управно се граничи со општината Бук. Соседни села се Каинчен, Дереќој, Пулово, Черњагово (Чернак) и Горно и Долно Алиќој, кои исто така се запустени. Селото било сместено на планината Карадере во која се одвива. Местото на кое се наоѓало селото денес се нарекува Кутра и претставуа центар за шумарска дејност. Оддалечено е на 72 км од градот Драма и 22 км до Љубан.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСпоред Стојо Шишков, кон крајот на XIX век селото Карадере било село во Рупчанската каза и населението се состоело од Македонци-муслимани (помаци).[3][4]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчката статистика, во 1913 г. во Карадере (Καρά Ντερέ) живееле 274 лица.[5]
Во 1922 г. селото имало 153 жители, но во 1923 г. е напуштено. Грчките власти вршеле репресии врз населението во регионот со убивање и прогонување. Жителите на Карадере се преселиле во Турција или во селата од пиринската страна на областа Чеч (тогаш во Бугарија). Во 1927 г. селото е преименувано во Елатија (Ελατιά).[2] Во селото не се доведени грчки доселеници од Турција поради малиот број куќи, оддалеченоста и тешкиот терен. Во 1928 г. на ова место се попишани 32 мажи, поради тоа што тука бил сместен пограничен вод.[5]
Сепак, денес местото е центар на шумарското подрачје Карадере кое се простира крај границата со Бугарија. Во селото има стопански објекти и колиби кои ги користат туристи. Летно време толку многу посетители што нема доволно легла, па затоа се поставува шаторски логор.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Мехмед, Хюсеин. Помаците и торбешите в Мизия, Тракия и Македония. София. стр. 57. Архивирано од изворникот 2011-02-02. Посетено на 2021-09-09. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2021-09-09.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 168.
Надворешни врски
уреди- Кара-дере (Елатија) (грчки) Архивирано на 4 декември 2008.
- Шума Елатија („Елова Шума“, Кара дере) Архивирано на 22 јануари 2009. (грчки)
- Карадере (Мавро рема) (грчки)