Капуера

(Пренасочено од Капоера)

Капуера (португалски изговор: [kapuˈejɾɐ]) е африканско-бразилска вештина со комбинирани елементи од боречки вештини, музика и танц[1][2][3]. Била создадена во Бразил од страна на робовите донесени од Африка, особено од оние од денешна Ангола некаде после 16 век. Се развила во областа Киломбо дос Палмерас, која се наоѓа во Бразилската држава Алагоас и имала големо влијание над афро-разилските генерации, била застапена и во државите Баија, Пернамбуко и во Рио Де Жанеиро. Учесниците во ходата или кругот, свират на музичките инструменти ( како што е биримбао), пејат, и прават спаринг по парови во центарот на кругот. Спарингот го карактеризираат флуидна акробатска игра, финти, и екстензивно употребување на замавнувања, удари со нозе и удари со глава. Поретко се употребуваат техники кои вклучуваат удари со лакти, шлаканици, боксови. Историчарите се поделени на едни кои веруваат дека таа е директен потомок на африканските боречки стилови и други кои веруваат дека е уникатен бразилски танц дестилиран од различни африкански и бразилски влијанија. Едно популарно објаснување тврди дека тоа е африкански боречки стил кој бил развиен во Бразил, поставена од поборникот Салвано, кој кажал - Капуерата не може да постои без црниот човек, но нејзиното родно место е Бразил[4].

Капуера
Capoeira
Капуеристи во улична борба
НасоченостАкробатика
Удирање
Боречки вештини
Земја на потеклоБразил Бразил
Прославени во оваа вештинаБимба
Пастиња
Жоао Гранде
Жоао Пекуено
Олимписки спортне

Етимологија

уреди

Потеклото на зборорт е мистерија исто како и самата вештина. Можни се три потекла на зборот. Едното тврдење е дека зборот капуера потекнува од зборовите kaá (лист/растение) и puéra (поранешен показател на гледиштата) на домородниот тупи јазик на племето Тупи-Гварани кои означуваат “беше шума” односно на оние предели каде има посиромашна вегетација. Друга теорија е дека потекнува од португалскиот збор capão ( кастриран петел) и наставката eira. Ваквата етимологија сугерира дека робовите кои носеле кафези со птици за продажба на пазарите времето го поминувале играјќи капуера. Третото тврдење е дека зборот доаѓа од киконго зборот kipula или kipura. Во културен контекст на Конго, овие зборови се однесуваат на ниските движења до земја во боречките вештини а самата капуера ги поседува истите[5].

Африканско-бразилска вештина

уреди
 
Капуера или танцот на војната од Јохан Мориц Ругендас, 1835.

Некои толкувања ја истакнуваат капуерата како боречки стил создаден за бунт а маскиран како танц. Илустрациите во делото Живописно патување во Бразил од 1835 (Voyage Pittoresque dans le Brésil) на етнографот Јохан Мориц Ругендас ја прикажуваат капуерата како танц на војната така што гледано историски капуерата првенствено е боречка вештина која восебе има многу елементи на танц. Постојат и други слични борбени традиции низ Америка слични со капуерата. На островот Мартиник, присутен воедно и на Хаити и Јамајка, таков сличен танц е дамие (Danmyé) данмие (Danmyé) лаџа (Ladja)[6] кој впрочем е борбена вештина каде изведувачите играат по ритамот на тапаните и се движи во обратен правец од часовникот. Марк тврди дека во Куба, лажниот борбен танц наречен мани се изведувал на јука тапани. Танцувачот, (манисеро) застанувал на средина на рингот создаден од изведувачи-учесници и движејки се според звукот на песните и тапаните, избирал некој од кругот и е обидувал да го собори. Некои од манисеро движењата и ударите биле слични на оние на капуерата, вклучувајќи го и основното сопнување со нога (хаштера)

Историја

уреди

Историјата на кауерата започнува со почетокот на африканското ропство во Бразил. Од 16 век, португалските колонисти почнале да увезуваат робови во нивните колонии, главно со потекло од Ангола. Бразил, со неговата широка територија примил најмногу робови, речиси 40% од сите робови што ќе го поминеле Атлантскиот Океан. Раната историја на капуерата сè уште е контроверзна, особено периодот од 16 век до почетокот на 19 век, бидејќи нема доволно историски документи. Но усните преданија, јазикот и доказите оставаат сосема мал простор за сомневање дека корените на оваа вештина се африканско-бразилски.

Потекло

уреди
 

Во 16 век, Португалија ја добила најголемата територија од сите останати колонии,но ѝ недостигале луѓе за да ја колонизира, особено работници. Во бразилската колонија, Португалците, како и сите други европски колонијални сили, одбрале да користат робови за да ја изградат нивната економија. Во првиот период, главната економска активност била производство на шеќерна трска. Португалците создале огромни плантажи на трска кои зависеле од трудот на робовите. Робовите живеејќи во нехумани услови, биле принудувани напорно да работат и честопати трпеле разни физички казнувања дури и за ситни работи.[7]

Иако робовите честопати биле побројни од колонизаторите, тие ретко се кревале на бунт бидејќи немале оружје, бидејќи колониски закони биле сурови, бидејќи имало недоразбирањата меѓу самите робови кои доаѓале од различни африкански култури и бидејќи не ја познавале новата земја и околина. Сето тоа ги обесхрабрувало да не се кренат на бунт. Во таквите услови капуерата се родила како едноставен метод на преживување.Таа била начинот со кој избеганиот роб, без никакво оружје, неопремен, би можел да преживее во непријателската непозната земја и да се соочи со вооружена колониска војска (capitães-do-mato) задолжена да ги најде и да ги зароби побегнатите робови.

Статусот во Бразил и развојот како спорт

уреди

Во минатото капуерата била нелегална[8] и забранета во Бразил. Во 1857-1858 година, од 288 робови кои биле во затвор 80 (31%) биле уапсени заради капуерата, а само 28 (10%) поради бегство. Во 1890, бразилскиот претседател Деодоро да Фонсека потпишал акт со кој го забранил вежбањето капуера ширум земјата, со тешки казни за оние што ќе бидат фатени. Немирите предизвикани поради мешање на полицијата исто така биле чести. И покрај забраната, Мануел дос Реис Машадо (Местре Бимба) создал нов стил - капуера режионал . Реис Машадо конечно успеал да ги убеди властите во културната вредност на капуерата и со ова во 1930 конечно се укинала официјалната забрана. Реис Машадо го основал првото училиште за капуера во 1932 година во Салвадор, Баија.Тој се смета за татко на модерната капуера. Во 1937, добил државно признат образовен сертификат. Во 1942, Реис Машадо го отворил своето второ училиште кои работи и денес и го водат неговите ученици. Во 1952, Местре Бимба успеал да го сврти вниманието на бразилскиот претседател од тоа време Жетулиу Варгас правејќи демонстрација на вештината после што овој потврдил дека капуерата е « вистински национален спорт». Денес капуерата се смета за културно наследство на Бразил.

Надвор од Бразил

уреди

Капуерата доживува светска слава. Артур Емидио[9] најверојатно бил првиот капуерист кој имал перформанс во странство. Во доцните ’50-ти и раните ’60-ти отишол во Аргентина, Мексико, САД и Европа. Групи како што е Бразил Тропикал, предводени од Домингос Кампос и Местре Камиса Роаша, ја обиколиле Европа во ‘70-тите. Денс Бразил групата на Желон Виејра, основана во Њујорк во 1977, била особено влијателна во популаризирањето на капуерата помеѓу американската публика. Тој во 2008 добива престижна национална награда за зачувување на културното наследство[10]. Во средината на ’70-тите Местреа по капуера почнале да емигрираат во САД и друѓи земји и да предаваат капуера. Во тоа време капуерата во Бразил сѐ уште ја практикувале најсиромашните и црните Бразилци. Со нивната емиграција во САД таа добила на популарност. Денес има многу училишта за капуера низ целиот свет (капуерата ја освојува и Јапонија) и насекаде во САД, и со нејзиното зголемување на популарноста во САД привлече широк спектар на ученици од различни култури и раси.

Музика

уреди
 
CM Pulmao- Skopje, Македонија- Капоера Сензала

Музиката е составен дел од капуерата[11]. Таа го одредува темпото и стилот на играта што се одвива во ходата. Темпото варира од многу споро - ангола (Angola) до многу брзо (são bento regional). Капуеристите пејат на различни теми.

Песните

уреди

Некои песни се за историјата или опеваат славни капуеристи. Други песни имаат за цел да ги поттикнат играчите на подобра игра. Некои песни го опишуваат она што се случува во родата. Понекогаш песните се во врска со животот или љубовната загуба. Други имаат весели и разиграни текстови. Капуеристите го менуваат нивниот стил на играње во зависност од ритамот и песните што беримбауто ги наложува. Всушност, музиката е онаа што ја движи капуерата. Постојат три основни видови на капуера песни. Ладаиња (Ladainha) - наративна соло песна која најчесто местре ја пее на почетокот на ходата, Овие ладаињи најчесто се познати песни напишани од местрето или смислени на лице место. Ладаињата најчесто е проследена со шула (chula) или лувачао (louvação), следејки го моделот на повик и одговор кој најчесто е заблагодарување на Бога или на некој од учителите. На крај, се песни кои се пејат за време на играњето, коридос (corridos), повторно како повик и одговор. Одговорот на повикот не секогаш го повторува она што било кажано, но се менува во зависност од песната.

Инструментите

уреди

Инстументите се свират во ред наречен батерија (удирачки инструменти). Ритамот во батеријата го одредуваат беримбаута. Другите инструменти кои ја сочинуваат батеријата се: две пандероси (инструменти слични на дајре), хеко-хеко и агого и атабаки (тапан сличен на конга).

Рангови

уреди

Додека разноликоста во стиловите доведува до различни системи на рангирање, постои стандарден модул кој повеќето од капуера системите го следат. Ова се ранговите по ред :

  • ареалуно (arealuno) - ученик,
  • градуадо (graduado) - ученик кој достигнал извесен степен
  • формадо (formado) ученик кој е обучен
  • професор (professor) може да пренесува знаење
  • местре (mestre) ги достигнал сите рангови - мајстор..

Хода

уреди
 
Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao

Ходата (Roda de Capoeira) е кругот од луѓе во кој се игра капуера. Неговата округла форма е наменета да го задржи фокусот на играчите и на оние кои свират и да ја возврати енергијата создадена за време на капуера играта. Луѓето кои ја формираат округлата форма на ходата плескаат со рацете и пејат според музиката која ја свират оние во батеријата. “Устата“ на ходата се наоѓа точно пред батеријата. Тоа е точката од која играчите ја почнуваат секоја игра и од каде секој нов играч мора да влезе. Големината на ходата обично е круг од минимум 3 метри (10 стапки) во пречник. Иако може да биде помала или често поголема, до 10 метри во пречник. Ритамот кој го свири беримбауто ги одредува темпото и целите на играта која се одвива во ходата. Спората музика ја ограничува играта на спори но сложени ниски движења и стоења на раце. За учесниците, ходата претставува микрокосмос на животот и на светот околу нив. Најчесто во ходата, најголемиот противник на капуеристот е самиот тој, и филозофијата исто така игра голема улога. Добриот учител би настојувал да подучува почит, безбедност, малиција (уметност на надмудрување на противникот и залажувајки го во ранлива позиција) и слобода. Капуерата е уникатно друштвена. Соработувањето со други групи и ученици на други учители може да ги научи капуеристите повеќе за самата уметност и подобрување на нивните вештини[12].

Капуера стилови

уреди

Капуерата разликува две основни класификации: традиционална и модерна. Ангола цели кон традиционалната форма на игра. Ова е најстарата форма, приближно 500 години стара, со корени во африканските традиции кои се дури и постари, и тоа е изворна форма на која се засновани сите останати форми на капуера. Модерните форми на капуера можат да се поделат на режионал и контемпоранеа.

Капуера ангола

уреди

Ангола капуерата се смета повеќе за танц-форма и често се одликува со длабоко задржана традиција, играчите ја играат играта на помало растојание, така што се поспори и пониско до земјата од другите форми на капуера, иако во пракса, брзината варира во зависност од музиката. Ангола капуерата е исто така позната и по шамада, физички повик-одговор кој се користи да се предизвика противникот или да се промени стилот во ходата. Таткото на овој капуера стил бил Винсент Фереира Пастиња.

Капуера режионал

уреди

Режионал е една од најчестите форми на капуера. Во Бразил се игра многу погрубо и подиво. Капуера режионал била развиена од Местре Бимба за да ја направи капуерата поефикасна и за да ја доближи до нејзиното боречко потекло. Режионал стилот често се смета дека се состои од побрза и поатлетска игра од традиционалната капуера ангола. Овој вид на игра се одликува со високи скокови, акробации и кружни движења.

Контемпоранеа капуера

уреди
 
Вежби на Македонско-српска-бразилска Батизада/Белград 2009

Контемпоранеа е термин за групите кои вежбаат повеќе стилови на капуера истовремено. Многу често учениците на оваа капуера вежбаат елементи од капуера режионал и ангола како и нови движења кои нема да бидат поразени од ниеден од овие стилови. Во последниве години, различни филозофи на модерната капуера се изразиле преку формирање на училишта, особено во Северна Америка, коишто се фокусирале кон развивање на нивната специфична форма на оваа модерна уметност. Ова станала одлика кој ги дефинира многу од училиштата, до точката каде искусен ученик може да процени во кое училиште одредено лице вежба само според начинот на кој играат. Традиционално, ходата во овие училишта почнува со Ангола, во која училишниот местре или некој напреден ученик, ќе пее ладиња (долга, меланхолична песна која најчесто се слуша на почетокот на ангола играта). По некое време, играта прераснува во побрза, сè додека местреовиот знак, односно звукот на беримбауто не ја промени во традицонална режионал игра.Режионал става акцент на брзината и брзиот рефлекс, во споредба со ангола која повлекува голема доза на размислување, скоро како шах. Училиштата кои ја предаваат оваа мешавина се обидуваат да ја понудат оваа комбинација како начин да се искористат предностите на двете игри и да влијаат на играчот.

Специјални настани

уреди
 
Roda,Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao
 
Bateria,Македонско-Српска-Бразилска Батизада/Белград 2009 capoeira senzala-CM Pulmao

Периодично капуера rежионал групите одржуваат батизадос( крштевања). На членовите кои не се „крстени“ им се дава корда (појас) и апелидо (капуера-прекар) доколку дотогаш не добиле. Батизадите се огромни случувања на кои бројни групи и местреа како од соседството така и од подалеку се поканети.Понекогаш батизадата се нарекува и Трока де корда (Troca de Corda = промена на појаси), каде учениците кои веќе биле „крстени“ и кои напорно вежбале и се сметаат за достојни од страна на нивните учители се наградуваат со повисоко рангирани појаси како признание за нивните напори.

Слични активности

уреди

Самба-хода (Samba de roda)

уреди

Изведувана од многу капуера групи, samba de roda е традиционален Афро-Бразилски танц кој бил поврзуван со капуерата многу години наназад. Батеријата е составена од пандеро, атабаки, биримбао-виола (биримбао со најмала тиква), придружени со пеење и плескање со рацете.

Макулеле

уреди
 
Макулеле, Белград capoeira senzala-CM Pulmao

Макулеле е танц кој раскажува приказна за поробените Африканци кои работеле на плантажа со шекерна трска во Бразил. Шекерната трска била сечена со мачети, а во Макулеле танцот, танцувачите ги удираат сечилата на мачетите во ритамот на танцот. Понекогаш се користат стапови наместо мачети со сечила, како и да е, се подразбира дека стаповите симболизираат мачети кои се користеле за сечење на шекерната трска за време на робството. Макулелето и капуерата ја делат истата историја и ја раскажуваат приказната за луѓето кои ја измислиле оваа уметничка форма, затоа обично заедно се изучуваат и изведуваат

Капуера во популарната култура

уреди

Како што популарноста на капуерата се шири низ светот, исто така и нејзината употреба во популарната култура. Веќе со години се гледаат капуеристи на телевизиски реклами, видеоигри, музички спотови и сл.

  • Во филмот Жена мачка (Catwoman) движењата на главниот лик кој го глуми Хели Бери главно се инспирирани од капуера. ,
  • Фимот Безуро (Besouro) го евоцира животот на еден славен бразилски капуерист.
  • Во видео играта World of Warcraft танцот на троловите е инспириран од капуера.
  • Филмот Само силниот (Only the strong), целосно се темели на капуера со Марк Дескаскос во главната улога.
  • Во видео играта Street Fighter III: New Generation, африканската принцеза Елена, која потекнува од Најроби практикува капуера.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Capoeira, Nestor (2012). Capoeira: Roots of the Dance-Fight-Game. North Atlantic Books. ISBN 978-1-58394-637-4.
  2. Ancona, George (2007). Capoeira: Game! Dance! Martial Art!. Lee & Low Books. ISBN 978-1-58430-268-1.
  3. Goggerly, Liz (2011). Capoeira: Fusing Dance and Martial Arts. Lerner Publications. ISBN 978-0-7613-7766-5.
  4. Јовановска, Биљана. „Капуера - музика, игра, борба, спорт -“. Think24.mk. Посетено на 2017-10-01.[мртва врска]
  5. „What does the word "capoeira" mean? | Capoeira Connection“. capoeira-connection.com (англиски). Посетено на 2017-10-01.
  6. „Le damyé, danmyé ou ladja“. www.martinique.portailoutremer.com (француски). Посетено на 2017-10-01.[мртва врска]
  7. „O Brasil no quadro do Antigo Sistema Colonial“ (португалски). Culturabrasil.pro.br. Архивирано од изворникот на 2013-05-18. Посетено на 2013-11-18.
  8. „What is Capoeira? - Capoeira-World.com“. www.capoeira-world.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-10-07. Посетено на 2017-10-01.
  9. „Mestre Artur Emídio“. www.rodadecapoeira.com.br (португалски). Архивирано од изворникот на 2017-11-09. Посетено на 2017-10-01.
  10. „NEA National Heritage Fellowships | NEA“. www.arts.gov. Архивирано од изворникот на 2017-11-28. Посетено на 2017-10-01.
  11. Hawaii, Capoeira Besouro. „Capoeira Besouro Hawaii“. capoeirabesourohawaii.com (англиски). Посетено на 2017-10-01.
  12. Pernambuco, Diario de (2014-11-27). „Como funciona a roda de capoeira? Entenda“. Diario de Pernambuco (португалски). Посетено на 2017-10-01.