Римски император (титула)
Император (лат.: Imperator) е римска титула која првично претставувала еквивалент на титулата командант за време на Римската Република[1]. Подоцна оваа титула станала дел од целосното име на римските цареви, како дел од нивниот когномен (прекар).
Англискиот збор emperor потекнува токму од латинскиот збор "imperator", добиен преку француската транскрипција empereur. Не постои директен латински еквивалент на англискиот збор emperor, сепак - римските цареви вообичаено користеле голема група на титули и позиции, наместо една единствена титула. Сепак, зборот imperator имал релативно константен статус низ историјата како дел од титулите на римските владетели во текот на принципатот (principate) (изведен од принцепс ("princeps"), од што пак е изведена титулата принц во англискиот јазик) и доминатот.
Женската форма на латинскиот збор "Imperator" е "Imperatrix", означувајќи женско владеење.
Наводи
уреди- ↑ Imperator, Ancient Warfare Magazine Архивирано на 2 февруари 2010 г. Jona Lendering for Livius.Org, 2006 (анг.)