Династијата Асениди (бугарски: Асеневци, Asenevtsi, романски: Asănești) се основачи и владетели на средновековната бугарска држава, позната во современата историографија како Второ Бугарско Царство, помеѓу 1185 и 1280.

Династијата Асен се издигнала како водачи на Бугарија по востанието против Византиската империја во 1185/1186 кое било предизвикано од зголемувањето на даноците.

Некои членови на семејството Асен влегле во византиска служба во тринаесеттиот и четиринаесеттиот век. Презимето се јавува и во денешна Грција, и може да води потекло до оваа династија. Нивното потекло е нејасно.[1]

Потекло

уреди
 
Genealogy of the Asen dynasty

Потеклото на династијата, особено етничкото на тројцата браќа Асен (Теодор I (романски: Teodor I), Јован Асен I (романски: Ioan Asan I) и Калојан (романски: Caloian)) сè уште е извор на многу контроверзии, дебатирани меѓу историчарите. Постојат три главни хипотези за нивното потекло::[2]

  1. Влашко потекло,[3][4][5][6][7] став поддржан од повеќето современи извори и романски научници кои своите тврдења ги засноваат на хрониките на Крстоносците, и писмата на папата Инокентиј III и Калојан.[8][9]
  2. Куманско потекло,[10][11][12] бидејќи некои од имињата, како Асен и Белгун, потекнуваат од куманскиот јазик, како и блиските врски со Куманите, како што се браковите (вклучувајќи ја и жената на Калојан),[13] непосредната близина и сојузништвото.[14] Групи на Кумани се населиле и се мешале со локалното население во многу делови на Балканот помеѓу 10ти и 13ти век и последователно основале и други династии во Бугарија (Тертер и Шишман).[15][16][17][18]
  3. Бугарско потекло, став кој е вообичаен кај бугарските историчари кои сметаат дека сите домашни извори (од 13ти век[9]) ги користат термините Бугарија, Бугари и бугарски, словенските имиња како Иванко (роднината кој го убил Јован Асен I),[19] Борил и Слав.

Семејно дрво

уреди
Семејно дрво на династијата Асениди (упростено)
непознати родители
Петар II
(вл. 1185–1197)
Јован Асен I
(вл. 1187–1196)
ЕленаКалојан
(вл. 1196–1207)
непозната сестра
Ирина Комнина ДукинаЈован Асен II
(вл. 1218–1241)
Ана Марија УнгарскаАлександарБорил
(вл. 1207–1218)
Михаил II Асен
(вл. 1246–1256)
Марија или Ана-ТеодораМицо Асен
(вл. 1256–1257)
Калиман Асен I
(вл. 1241–1246)
Елена АсенинаКалиман Асен II
(вл. 1256–1256)
Јован Асен III
(вл. 1279–1280)
Ирина Дукина ЛаскаринаКонстантин Асен
(вл. 1257–1277)

Наводи

уреди
  1. Frederick B. Chary, History of Bulgaria, The Greenwood Histories of the Modern Nations, ABC-CLIO, 2011, ISBN 0313384479, p. 12.
  2. Humanitas 2008: 4
  3. Runciman, Steven (December 3, 1987). A History of the Crusades. CUP Archive. ISBN 9780521347723 – преку Google Books.
  4. Paul Stephenson, Byzantium's Balkan Frontier: A Political Study of the Northern Balkans, 900-1204, Cambridge University Press, 2004, ISBN 978-0521027564
  5. Boldur Alexandru, Istoria Basarabiei, Editura Frunza, Bucuresti, 1990, p 95
  6. Madgearu, Alexandru (2014). Asăneștii. Istoria politico-militara a statului dinastiei Asan (1185–1280). Târgoviște: Cetatea de Scaun. ISBN 9786065372276.
  7. „o-city-of-byzantium-annals-of-niketas-choniates-ttranslated-by-harry-j-magoulias-1984“ – преку Internet Archive.
  8. Wolff 1949, стр. 178, 180, 185, 190, 198.
  9. 9,0 9,1 Fine 1994, стр. 12.
  10. Clifford J. Rogers, The Oxford Encyclopedia of Medieval Warfare and Military Technology, Volume 1, Oxford University Press, 2010, ISBN 0195334035, p. 522.
  11. Christoph Baumer, The History of Central Asia: The Age of Islam and the Mongols, Bloomsbury Publishing, 2016, ISBN 1838609407, p. 75.
  12. Jennifer Lawler, of the Byzantine Empire, McFarland, 2011, ISBN 0786466162, p. 234.
  13. Acropolitae 2007, стр. 246.
  14. Dimnik 2004, стр. 266.
  15. István Vásáry (2005) Cumans and Tatars, Cambridge University Press, p. 2
  16. The Cambridge History of Early Inner Asia, Volume 1, Denis Sinor, pg 279.
  17. Grumeza, Ion (August 4, 2010). The Roots of Balkanization: Eastern Europe C.E. 500-1500. University Press of America. ISBN 9780761851356 – преку Google Books.
  18. Bulgarian Folk Customs, Mercia MacDermott, pg 27
  19. Wolff 1949, стр. 167–206.