Борил (бугарски: Борил) бил цар на Бугарија од 1207 до 1218. Тој бил син на сестрата на претходниот цар, Калојан, чие име не е познато. По ненадејната смрт на Калојан во октомври 1207, Борил се оженил со неговата вдовица, куманската принцеза и зазел тронот. Неговиот братучед, Јован Асен, избегал од Бугарија, овозможувајќи му на Борил да ја зајакне својата позиција. Неговите други роднини, Стрез и Алексиј Слав, одбиле да го признаат како законски монарх. Стрез ја зазел територијата помеѓу реките Струма и Вардар со помош на Стефан Првовенчани. Алексиј Слав ги завладеал Родопите со помош на Хенрик Фландриски, латинскиот цар во Константинопол.

Борил
Златен печат на Борил
Цар на Бугарија
На престол1207–1218
ПретходникКалојан
НаследникЈован Асен II
СопружникКуманската принцеза
Територијалните загуби на Борил (1207-1218)

Борил започнал неуспешни воени походи против Латинското и Солунско Кралство царство во првите години од неговото владеење. Тој го свикал синодот на Трновската архиепископија во почетокот на 1211 година. На соборот епископите ги осудиле богомилите за ерес. Откако во Видин избувнало востание помеѓу 1211 и 1214, тој побарал помош од унгарскиот крал Андреј II, кој испратил засилување за да го потисне бунтот. Склучил мир со Латинското царство кон крајот на 1213 или почетокот на 1214. По смртта на Хенрик во 1216, а Анреј II ја напуштил Унгарија и заминал во крстоносен поход, Јован Асен се вратил во Бугарија. Тој го заробил и го ослепил Борил во Трново во 1218.