Историја на Dream Theater

Dream Theater бил оформен како група во 1985 од гитаристот Џон Петручи, басистот Џон Мјанг и тапанарот Мајк Портној додека студирале на музичкиот факултет Беркли во Бостон, Масачусетс. Кевин Мур, другар на Петручи од средно училиште, бил регрутиран како клавијатурист, додека пак Крис Колинс како вокалист.

Основачките членови Џон Мјанг, Мајк Портној и Џон Петручи во 1985

Квинтетот се договорил за името Majesty за нивната ново-формирана група (име инспирирано од описот на Портној на крајниот дел на „Bastille Day“ на групата Rush), и трите студенти на Беркли се откажале од училиштето за да се концентрираат на групата.

За ова време Портној, Петручи и Мјанг сè уште жонглирале со нивните студии покрај привремените работни места и туторството. Нивните распореди станале толку зафатени што тие биле приморани да одлучат помеѓу музичка кариера или распад на групата, но Majesty победил и сите тројца го напуштиле Беркли за да се концентрираат на својата музика. Петручи коментирал за ова во документарниот филм SCORE велејќи дека било доволно тешко да ги натера своите родители да го пуштат во музичко училиште, а потоа уште потешко да ги убеди да му дозволат да се отпише.

Мур исто така го напуштил својот колеџ за да се посвети на бендот.

1985 - 1990

уреди

Во секој случај, во ноември 1986, по неколку месеци на компонирање и настапување заедно, Крис Колинс ја напуштил групата поради креативни разлики со другите членови. По една година обиди да се пронајде замена, Чарли Доминичи, кој бил далеку постар и поискусен од било кој друг во групата, успешно поминал на аудицијата за влез во групата. Со стабилноста која назначувањето на Доминичи ја донела на Majesty, тие започнале да свират на сè поголем број на шоуа во областа на Њујорк и се здобиле со значително количество на внимание за група која сè уште немала издадено албум.

Кратко откако Доминичи се приклучил кон групата тие биле приморани да го променат своето име кога друга група под името Majesty се заканила со легални мерки. Се размислувало за разни имиња сè додека таткото на Портној не го предложил името Dream Theater (македонски: Театар на сништата), име на сега веќе рушениот филмски театар во Монтереј, Калифорнија.

Нивниот прв поголем снимен проект бил насловен Majesty demos (македонски: демата на Majesty), колекција на идеи и дема кои биле издадени во 1986. Првичниот тираж од 1.000 бил распродаден за шест месеци, и дабовани копии на аудио касетите брзо се рашириле на сцената на прогресивниот метал низ целиот свет.

Тие го потпишале нивниот прв договор за албум со Mechanic (дел од Music Corporation of America), во 1988 и го снимиле нивниот деби албум. Албумот не бил голем успех.

When Dream and Day Unite бил издаден во 1989 со многу помалку фанфари отколку што се очекувало. Mechanic ги откажале повеќето од финансиските ветувања кон групата пред потпишувањето на договорот, така што тие биле ограничени да свират околу областа на Њујорк. Промоционалната турнеја за албумот се состоела од само пет концерти, сите од кои биле или во Њујорк или Род Ајленд[1].

По четвртата од овие свирки Доминичи бил отпуштен поради лични и креативни разлики помеѓу него и остатокот од групата. Но, кратко потоа Марилион ги замолиле Dream Theater за свирка во Риц хотелот во Њујорк, така што на Доминичи му била дадена шансата да настапува за последен пат. Дури две години после тоа Dream Theater назначуваат постојан пејач во поставата.

1991 - 1994

уреди

По отпуштањето на Доминичи Dream Theater успешно се избориле за ослободување од нивниот договор со Mechanic, и започнале со аудиција на пејачи и со пишување на материјали за нивниот следен албум. Во времето додека да обезбедат вокалист, тие го напишале поголемиот дел од музиката за она што подоцна станало нивен втор албум - Податотекаs and Words.

Во нивното барање за нов пејач тие примиле на аудиција над 200 луѓе, меѓу кои и поранешниот фронтмен на Fates Warning - Џон Арч, но сите биле одбиени поради различни причини. Во 1991 им пристигнала аудио касета од канадскиот пејач на бендот Winter Rose - Кевин Џејмс ЛаБри, кој бил веднаш превезен до Њујорк за правилна аудиција. По кратка пробна сесија тој бил примен за пејач со полно работно време, и започнал да го користи неговото средно име, Џејмс, за да се избегне забуна помеѓу него и Кевин Мур.

Следните неколку месеци, групата продолжила со свирење и работела на вокалните делови за сета музика која ја имале напишано до таа точка. Издавачката куќа ATCO (сега издавачка куќа EastWest) потпишала договор со Dream Theater за седум албуми и демо со три песни (подоцна објавено во јавноста како The ATCO Demos преку фан клубовите на Dream Theater).

Првиот албум кој бил издаден според нивниот нов договор бил Images and Words во 1992, првиот од многуте албуми на Dream Theater снимени во студијата BearTracks. Песната „Pull Me Under“ се здоби со голема слушаност и популарност на радио, и како резултат издавачката куќа издаде видео клип за промоцијата, којшто имаше голема ротација на MTV.

Успехот на „Pull Me Under“, комбиниран со неуморните турнеи низ САД и Јапонија помогнаа Images and Words да стане златен албум во САД и платинест албум во Јапонија. Албумот наиде на одобрување од критичарите и се смета за најважен албум во развојот на прогресивниот метал. Тој албум е комерцијално најуспешниот албум на Dream Theater од сите.

Следела турнеја на Европа во 1993, во која што било вклучено шоу во популарниот лондонски џез клуб „The Marquee“. Тоа шоу било снимено и издадено како Live at the Marquee, првиот официјален албум на Dream Theater во живо, и видео компилација на нивните јапонски концерти (измешани со снимки во документарен стил од делот од турнејата зад сцената) била издадена како Податотекаs and Words: Live in Tokyo.

Желни да работат на свеж материјал, Dream Theater се повлекле во студиото во мај 1994. Сесиите од 1994 биле првите во кои Dream Theater пишувале музика како целина која била специфично наменета за еден албум, бидејќи Images and Words бил целосно компониран без вокалист и со несигурна иднина што се однесува на снимањето.

Awake, третиот студиски албум на Dream Theater, бил издаден во октомври 1994. На него се наоѓаат песни со прилично потежок звук од претходните изданија на групата, што предизвикало критики од страна на долго-годишните обожаватели, не сепак бил добро прифатен од страна на критичарите и со тоа групата се здобила со нови обожаватели. Кратко по снимањето на албумот Мур им кажал на другите членови на групата дека сака да се концентрира на своите музички интереси и дека ќе се откаже од Dream Theater. Ова го разнишало бродот на група која уживала само две години стабилност по нестабилна прва полудекаде, но Мур не бил повеќе заинтересиран за живот на музичар кој прави турнеи ниту пак за брендот на прогресивен метал кој го изведува Dream Theater, па така двете странки заминале по своите патишта.

Како резултат на тие вести, групата морала да се тревожи да пронајде замена на клавијатури наместо да организира турнеи.

Џордан Рудес, музичар во подем кој бил релативно непознат до таа точка, бил поканет да свири на пробна свирка со Dream Theater со надеж дека ќе биде примен. Свирката, во Бурбанк, Калифорнија, поминала добро но наместо тоа, Рудес се решил да ја прифати поканата од The Dixie Dregs и да настапува со нив. Дерек Шерениан бил донесен како привремен, но заклучно со промоционалната турнеја наAwake, Шерениан бил новиот клавијатурист на Dream Theater со полно работно време.

1995 - 1998

уреди

По петицијата на обожавателите до издавачката куќа EastWest, групата ја снимила нивната претходно неиздадена песна „A Change of Seasons“ и ја дистрибуирале како мини-албум (EP) со колекција од живи преработки. По серија кратки концерти за промоција на мини-албумот, Dream Theater влегле повторно во студиото за изработување на нивниот нов албум.

Сè на сè, биле напишани песни во времетраење од скоро два компакт дискови вклучувајќи и 20-минутен следбеник на песната од Images and Words - „Metropolis Part 1: The Miracle and the Sleeper“. Но, издавачката куќа не го дозволила издавањето на двоен албум бидејќи сметале дека 140-минутен албум не би бил прифатлив за јавноста, па така половина од песните морало да бидат отстранети.

Со притисокот кој го вршела издавачката куќа врз бендот да присвојат звук кој е повеќе мејнстрим, EastWest го донеле продуцентот Дезмонд Чајлд да работи со Петручи на повторното пишување на текстот за неговото демо „You Or Me“ (македонски: „Ти или јас“). Целата група од корен ја преработила музиката за таа песна, и таа се појавила на албумот насловена како „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“), во форма која едвај е слична на оригиналот.

Материјалот кој се нашол на албумот бил издаден како Falling Into Infinity, албум кој добил мешан прием од традиционалните обожаватели на групата. И покрај тоа што албумот содржел некои многу прогресивни звуци, песните како „Hollow Years“ (македонски: „Шупливи години“) и „You Not Me“ (македонски: „Ти не јас“) ги натерале некои да веруваат дека тоа е зора на нов, мејнстрим ориентиран Dream Theater, исто како што издавањето на Empire претходно го донесе истото престројување за Queensrÿche. Албумот бил и критичко и комерцијално разочарување.

Во скорешните години, албумот е рехабилитиран до некој степен, и интересот се вратил кога Портној посочил дека неискористените песни - вклучувајќи попрогресивни песни како „Raise the Knife“ - ќе бидат издадени преку издавачката куќа на Портној YtseJam.

За време на европскиот дел од светската турнеја Falling Into Infinity, два настапи биле снимени за албум во живо насловен како Once In A LIVEtime, во Франција и Холандија. Албумот бил издаден одблизу во истото време како и спотот 5 Years in a LIVEtime, кое го прикажувало времето од напуштањето на групата на Кевин Мур па сè до промоционалната турнеја Falling Into Infinity.

Во 1997, Мајк Варни од издавачката куќа Magna Carta го поканил Портној да создаде прогресивна супергрупа која би работела на албум кој би станал прв во долга низа на странични проекти на членовите на Dream Theater. Поставата на која се согласиле сите се состоела од Портној на тапани, Петучи на гитара, Тони Левин од King Crimson на бас, и Џордан Рудес, кој тогаш завршил со The Dixie Dregs, на клавијатури. Групата го добила името Liquid Tension Experiment и би дејстувала како медиум преку кој Портној и Петручи би можеле до го убедат Рудес да се им се придружи во Dream Theater. Тие го поканиле да им се придружи во 1999 и тој ја прифатил понудата да стане третиот клавијатурист на Dream Theater. Жалосно за Шерениан, ова значело дека тој останува без работа. Во секој случај, Шерениан и на неговото мрежно место и во неколку интервјуа изјавил дека отпуштањето не било толку голема работа и дека на некој начин ѝ бил благодарен на групата за отпуштањето бидејќи така можел да ја проучи својата музичка способност и да се изразува на начин на кој тој сакал.

1999 - Сегашност

уреди
Омотот на Metropolis, Pt. 2: Scenes From A Memory

Вооружени со уште еден нов член, Dream Theater влегле во студиото на BearTracks уште еднаш да го напишат и снимат својот следен албум. Можеби како одговор на одбивноста кон Falling Into Infinity, овој пат нивната издавачка куќа ѝ даде на групата целосна слобода со својата музика. Следбеникот на „Metropolis Part 1“ од Images and Words којшто бил напишан за време на сесиите за Falling Into Infinity (но не бил искористен на тој албум), бил земен како првата композиција на која што тие требало да работат.

Тие одлучиле да ја напишат одново и да ја продолжат 20-минутната песна со свеж, нов член на групата во албум со концепт, со приказна која се врти околу теми како реинкарнација, убиство и предавство. За да избегнат бранувања во јавноста кај своите обожаватели, постоела голема тајност во врска со процесот на пишување и на снимање. Единствените нешта кои обожавателите ги знаеле пред издавањето на албумот биле една список на песни која била издадена за јавност против волјата на групата, и датата на издавање. Обожавателите не знаеле ништо за насловот, за музиката, дури ни за фактот дека тоа ќе биде албум со концепт.

Во 1999, Metropolis, Pt. 2: Scenes From a Memory бил издаден со високи критички оценки. Бил пречекан како ремек-делото на Dream Theater од страна на многу обожаватели и критичари, и покрај тоа што стигнал само до местото број 73 на топ листите[2]. 'Scenes...' може да се спореди со Operation: Mindcrime на Queensrÿche, уште еден прогресивен метал албум со концепт издаден една декада порано.

Светската турнеја која следела, ја одвела групата во повеќе држави отколку што имале било кога посетено, одземајќи им цела година за целосно комплетирање на турнејата. За едно специјално шоу во Roseland Ballroom во Њујорк, глумецот Кент Бродхурст бил најмен да ја игра улогата на хипнотерапистот, и госпел хор воден од Тереза Томасон, (исто така присутни на албумот MP2 како гости) бил ставен на списокот да пее во определени делови од шоуто.

Ова шоу, последната северноамериканска дата на шоуто, било снимено како првото DVD издание на групата. По многу технички одложувања, обожавателите на Dream Theater конечно добиле пристап до тоа DVD насловено Metropolis 2000, во почетокот на 2001. Кратко по неговото издавање, групата изјавила дека аудио верзија на концертот, со целиот сет од четири часа (голем дел од кој морал да биде скратен од тоа DVD за да се зачува простор) ќе биде издадена кратко потоа.

Изгледот на Live at the Marquee и Live Scenes From New York. Забележете ја силуетата на Светскиот Трговски Центар десно

Омотот на CD верзијата на концертот насловен Live Scenes From New York го покажува едното од раните лога на Dream Theater (срцето во пламени од ерата на Images And Words, моделирано според светото срце) изменето да изгледа како јаболко наместо срце, како илузија на прекарот на Њујорк - Големо Јаболко. Во пламените над јаболкото се гледа небесниот свод на Њујорк заедно со двете кули близначки на Светскиот Трговски Центар. Во несреќна коинциденција, албумот бил издаден на 11 септември, 2001 - на истиот ден како и терористичкиот напад на Светскиот Трговски Центар. Албумот бил отповикан веднаш, но многу многу копии биле веќе купени како редок дел од историјата на Dream Theater. Албумот бил ре-издаден по кратко време со променет омот.

Six Degrees of Inner Turbulence бил прифатен многу добро од критичарите и печатот. Тој бил најпублицизираниот албум на Dream Theater по Awake, дебитирајќи на Билборд топ листите на местото број 46[3] и на Билборд Интернет топ листите до местото број 1[4]. Но, на некои обожаватели им недостигала комплексноста на групата од порано, која почнала да се губи и да се заменува со издолжени виртуозни сола.

Во текот на следната година и половина групата повторно направила турнеја околу светот, со продолжено живо шоу вклучувајќи неколку специјални свирки со „преработени албуми“ (видете го делот Преработени песни, подолу), на коишто тие во целост ги свиреле албумите Master of Puppets на Metallica и The Number of the Beast на Iron Maiden.

Со завршувањето на нивната промоционална турнеја и разните странични проекти, Dream Theater влегле во студиото да го снимат она што подоцна станало Train of Thought, нивниот најтежок албум до таа точка, напишан за само три недели [1] Архивирано на 27 септември 2006 г.. Албумот бил критичен успех, но имал поларизирачки ефект, бидејќи застранил значителна пропорција од обожавателите на Dream Theater (процес кој всушност започнал со албумот „Six Degrees... “) кои уживале во традиционалното влијание на прогресивните рок групи како што се Yes или King Crimson отколку во модерните музи на Dream Theater како што се Tool и Metallica. Без разлика, тоа ја проширило базата на обожаватели во нова територија, онаа на мејнстрим метал музиката, и на алтернативниот метал.

Нивниот следен потег бил да издадат уште една жива CD/DVD комбинација, овој пат снимена во познатата музичка сала Нипон Будокан во Токио, Јапонија на нивната Train of Thought светска турнеја. Live at Budokan бил издаден на 5 октомври, 2004 и понатамошно ја издигнал репутацијата на Dream Theater како една од најдобрите сценски групи во прогресивниот метал.

По завршувањето на нивната Train of Thought промоционална турнеја во 2004, Dream Theater влегле во The Hit Factory студијата во Њујорк за да го снимат својот осми албум. Како што испаднало, тие биле последната група која било кога снимала во тоа познато студио, и откако ја завршиле нивната последна сесија, светлата во студиото биле исклучени засекогаш.

Најновиот албум, Octavarium, бил издаден на 7 јуни, 2005 и го одвел звукот на групата во уште еден нов правец. Меѓу неговите осум песни се наоѓа продолжението на палетата на Портној - „Alcoholics Anonymous“ (The Root of All Evil; чекори 6-7 во планот од 12), како и самата насловна песна, епска песна која ѝ парира на A Change of Seasons низ која се проткајуваат неколку музички стилови во нејзиното 24-минутно времетраење. Како скоро секој албум од групата, Octavarium добил мешани критики од обожавателите и бил предмет на жешка дебата. Поточно, некои обожаватели сметале дека бендот премногу подлегнувал на влијанијата на другите групи (на пр. „Never Enough“ била споредувана со песната „Stockholm Syndrome“ на Muse и релативно про-радио песната „I Walk Beside You“, која комбинира звук сличен на оној на U2 и Coldplay помешан со оној на Питер Сетера). Octavarium бил последниот албум од нивниот договор со издавачката куќа Elektra, и идните договори за снимање/дистрибуција сè уште не се потпишани. Во секој случај, Dream Theater планираат да започнат со работа на нивниот следен албум во есента 2006.

Dream Theater биле континуирано на турнеја низ 2005 и 2006 со цел да ја прослават својата 20-годишнина како група, вклучувјаќи и главно место на фестивалот Gigantour. За време на едно шоу на 2 август, 2005 во Далас, групата ја изрази својата почит кон покојниот виртуозо на гитара на групата Pantera - Дарел Абот (Дајмбег Дарел) со изведувањето на Cemetery Gates како интро; тоа што ја направи изведбата позабележителна било неочекуваното појавување на колегите музичари Расел Ален, Бартон Бел and Дејв Мастејн, кој ѝ се придружил на групата на бина за да изведува делови од песната. [2] Архивирано на 12 март 2007 г.

Dream Theater подоцна заминале од Gigantour и продолжиле со своја серија на концерти; турнејата завршила со настап во познатата музичка сала Radio City Music Hall во Њујорк на 1 април, 2006, кој бил снимен за CD/DVD наречено SCORE. Тие биле издадени на 29 август, 2006 преку издавачката куќа Rhino.

Забелешки

уреди
  1. Видете го дневникот на турнеи на Мајк Портној Архивирано на 21 јули 2006 г. за детали за овие концерти.
  2. Деталите за рангирањето на топ листите на Metropolis, Pt. 2: Scenes From a Memory може да бидат видени на DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г..
  3. Повеќе информации за перформансите на топ листите на Six Degrees of Inner Turbulence може да се најдат на Billboard.com и DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г..
  4. DreamTheater.net Архивирано на 18 февруари 2006 г. информирал дека Six Degrees of Inner Turbulence стигнал до местото број 1 на Билборд Интернет топ листите.