Liquid Tension Experiment

Liquid Tension Experiment
Лево кон десно: Тони Левин, Мајк Портној, Џордан Рудес, Џон Петручи.
Лево кон десно: Левин, Портној, Рудес, Петручи
Информации
Потекло САД
Жанрови Инструментален рок
Прогресивен метал
Џез-рок
Активни 1997 - 1999
Издавач Magna Carta
Мрежно место Официјално мрежно место Архивирано на 2 септември 2004 г.
Членови
Џон Петручи
Мајк Портној
Џордан Рудес
Тони Левин

Liquid Tension Experiment (LTE) бил инструментален рок проект кој се состоел од членовите на Dream Theater - Џон Петручи (гитара), Џордан Рудес (клавијатури) и Мајк Портној (тапани), како и прогресивната рок икона Тони Левин од King Crimson (бас, чапманов стик). Проектот бил формиран како страничен проект на Dream Theater во 1998. Иако некои сметаат дека Рудес бил поканет да им се придружи на Dream Theater најмногу поради успехот со Liquid Tension Experiment, иако претходно имал одбиено понуда да им се придружи во 1994 и наместо тоа, станал член на The Dixie Dregs. Групата свирела брзо, заснована на фузиски делови слични на оние на Dream Theater, само во стил поблизок на џезот и во остуство на вокали.

Liquid Tension Experiment издале два албуми, Liquid Tension Experiment (1998) и Liquid Tension Experiment 2 (1999) преку издавачката куќа Magna Carta. Исто така имале и неколку настапи во живо во Њујорк, Филаделфија и Лос Анџелес. Мајк Портној изјавил во бројни интервјуа (и во неговите мрежно место ЧПП Архивирано на 8 април 2005 г.) дека нема да има трет LTE албум, со оглед на тоа што ¾ од групата се во моменталната постава на Dream Theater. Сепак, неколку песни и рифови се користат во живите настапи на Dream Theater, како „Instrumedley“ од Live at Budokan.

ДискографијаУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди

Dream Theater
Џејмс ЛаБри | Џон Мјанг | Џон Петручи | Мајк Манџини | Џордан Рудес
Мајк Портној | Крис Колинс | Чарли Доминичи | Кевин Мур | Дерек Шерениан
Дискографија
Албуми и мини-албуми: When Dream and Day Unite | Images and Words | Awake | A Change of Seasons | Falling into Infinity | Scenes from a Memory | Six Degrees of Inner Turbulence | Train of Thought | Octavarium | Systematic Chaos | Black Clouds & Silver Linings | A Dramatic Turn of Events | Dream Theater | The Astonishing | Distance over Time | A View from the Top of the World
Албуми во живо: Live at the Marquee | Once in a LIVEtime | Live Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Видео и DVD: Images and Words: Live in Tokyo | 5 Years in a Livetime | Metropolis 2000: Scenes from New York | Live at Budokan | SCORE
Песни: Pull Me Under | Another Day | A Mind Beside Itself | The Glass Prison
Поврзани статии
Jelly Jam | Liquid Tension Experiment | MullMuzzler | Nightmare Cinema | OSI | Platypus | Transatlantic | True Symphonic Rockestra | YtseJam