Нипон Будокан е арена во центарот на Токио, Јапонија. За многу луѓе од запад, Будокан е синоним за рок концерти од висок ранг. Овде Битлси го имаа своето деби во Јапонија и е локација каде многу албуми Во Живо од Будокан се снимени. Меѓу тоа Нипон Будокан оригинално е изграден за одржување на Џудо натпревари на Летната Олимпијада во 1964.

Нипон Будокан

Местоположба

уреди

Нипон Будокан е сместен во Китаномару Парк во центарот на Токио, 2 минути одење од Кундашита Подземна Станица и близу Јасукину Храм. Оваа 42 метри осумаголна структура собира 14,201 човек (арена: 2,761 седишта, прв кат: 3,199 седишта, втор кат: 7,760 седишта и 480 места за стоење) и е моделирана по Јумедоно (Сала на Соништата) во Хоројуџи во Нара.