Историја на Грузија
Територијата на денешна Грузија била населена уште од најраните времиња. До XII век п.н.е. во североисточна Анадолија постоела држава која се викала Диаоха. Во периодот од VI до II век п.н.е. во Западна Грузија постоела грчката Колхидското царство, а во Источна Грузија постоела Иберија.
Дел од темата Грузија |
Античка историја |
---|
Среден век |
Модерна Грузија |
Руска власт |
Портал:Грузија |
Овие простори паднале во составот на Римското Царство. Во 327 година, во Грузија било воведено христијанството како основна религија, по примерот на Ерменија која е првата држава која го воведува христијанството. Подоцна, Грузија била во составот на Византија, Персија и Арабија. Кон крајот на X век, во Грузија настапил т.н. Залтен век од нејзината историја, стекнувајчи независност од Византија. Во периодот од XI до XIII век, Грузија била една од најсилните држави на Кавказ. Но, по инвазијата на монголците била под минимум намалена нејзината моќ. Во XVI век, Грузија била во составот на Османлиското Царство. Во 1783 година, Грузија склучила одбранбен договор со Русија, а во 1801 година руските кралеви ја вклучиле Грузија во Руската Империја.
На 26 мај 1918 година, по Октомвриската револуција, Грузија објавила независност. Но, на 16 февруари 1921 година, Црвената армија ја окупирала Грузија, и ја вклопила во составот на Советскиот Сојуз. Воспоставена како Советска Социјалистичка Република на 25 февруари 1921, од 12 март 1922 до 5 декември 1936 била дел од Закавкаска Федеративна Советска Социјалистичка Република заедно со Ерменска ССР и Азербејџанска ССР.
На 15 ноември 1990 г. е преименувана во Република Грузија. Прогласи независност на 9 април 1991, под власта на националистичкиот водач Звијад Гамсакурдија. Како и да е, независноста не била призната од Советската влада сѐ до септември 1991.