Икониски Султанат

(Пренасочено од Иконискиот Султанат)

Римскиот Султанат, уште наречен Румски Султанат (персиски: سلجوقیان روم‎, Saljūqiyān-e Rūm, Селџучки Султанат или Икониски Султанат, современ турски: Anadolu Selçuklu) — продолжение на Селџучкото Царство во Анадолија, по директна линија од 1077 до 1307 година, со главни градови во Изник, па потоа во Конија. Бидејќи дворот на султанот бил многу мобилен, градови како Кајсери и Сивас некогаш функционирале како главни градови. За време на неговиот врв султанатот се протегал низ централна Анадолија од крајбрежјето Анталија-Аланија на Средоземно Море до територијата на Синоп на Црно Море. На исток, султанатот ги припоил другите турски држави и стигнал до езерото Ван. Најзападниот дел бил во близина на Денизли и влезот на егејскиот басен.

Римски Султанат
سلجوقیان روم
Saljūqiyān-e Rūm
Римски Селџуци
1077–1307
Султанатот во 1243 година
Султанатот во 1243 година
СтатусСултанат
Главен градНикеја
Икониум
Говорени јазициПерсиски (службен)[1]
Турски (народен)
Султани 
• 1060–1077
Куталмиш
• 1303–1308
Месуд II
Историја 
• Одделување од Селџучкото Царство
1077
1307
Површина
1243400.000 km2 (150,000 sq mi)
Претходници
Наследници
Селџучко Царство
Османлиско Царство
Караманиди
Анадолски бејлици

Терминот Рум доаѓа од арапскиот збор за Рим односно Римското Царство. Селџуците го нарекувале својот султанат Рум зашто бил основан на територија која претходно била римска.[2]

Со напредокот на султанатот, особено во доцниот 12 и раниот 13 цек кога од Византија биле одземени клучни пристаништа на Средоземно и Црно Море. Во Анадолија, Селџуците создале трговија преку изградба на каравансараи (каравански станици), кои го олесниле протокот на добра од Иран и Средна Азија до пристаништата. Во овој период, биле формирани многу силни трговски врски со Џенова. Зголеменото богатство му овозможило на султанатот да ги преземе останатите турски држави кои биле основани во источна Анадолија по Битката кај Манцикерт: Данишмендите, Менгуџегидите, Салтукидите и Артукидите. Селџучките султани успешно се справиле со крстоносните војни, но во 1243 година, настрадале пред надојдените Монголи. Селџуците станале вазали на Монголците, по Битката кај Косе Даг[3] и покрај обидите на итрите управници да го зачуваат интегритетот на државата, моќта на султанатот се распаднала за време на втората половина на 13 век и исчезнало целосно во првата деценија на 14 век.

Во последните свои децении, територијата на Иконискиот Султанат била поделена од новопојавените принципати и бегства, меѓу кои бил и оној на Османоглу, подоцна познати како Отомани (Османлии), која се издигнала да доминира над останатите.

Основање

уреди

Во 1070те, селџучкиот командант Сулејман бин Куталмиш, подалечен роднина на Малик Шах и поранешен претендент за престолот на Селџучкото Царство, дошол на власт во западна Анадолија, во 1075 година, ги освоил византиските градови Никеја (Изник) и Никомедија (Измит). По две години се прогласил за султан на независна селџучка држава со седиште во градот Изник.[4]

Сулејман бил убиен во Антиохија во 1086 година од Тутуш I, селџучкиот владетел на Сирија и синот на Сулејман Килиџ Арслан I бил заробен. Кога Малик Шах умрел во 1092 година, Килиџ Арслан бил ослободен и веднаш се воспоставил како владетел на териториите на татко му. Тој бил поразен од крстоносците во Првата крстоносна војна и прогонет до централна и јужна Анадолија, каде ја основал својата држава со главен град во Конија. Во 1107 година, тој бил на поход на исток и го освоил Мосул, но умрел истата година во борба против синот на Малик Шах, Мехмед Тапар.

Во меѓувреме, друг икониски Селџук, Меликшах (да не се помеша со истоимениот великиот селџучки султан), ја освоил Конија. Во 1116 година, синот на Килиџ Арслан, Месуд I го освоил градот со помошта на Данишмендите. По смртта на Месуд во 1156 година, султанатот ја контролирал речиси цела централна Анадолија. Синот на Месуд, Килиџ Арслан II, ги освоил териториите околу Сивас и Малатја од последните Данишменди. Во Битката кај Мириокефалон во 1176 година, Килиџ Арслан ја победил војската предводена од Мануил I Комнин, нанесувајќи и тежок пораз на византиската моќ во регионот. И покрај привремената окупација на Конија во 1190 година од германските војски од Третата крстоносна војна, султанатот брзо се опоравил и ја консолидирал својата моќ.

По смртта на Тогрул III, последниот султан на Великото Селџучко Царство во 1194 година, икониските Селџуци биле единствените претставници на власт од таа династија. Кајхусрав I ја освоил Конија од крстоносците во 1205 година. За време на неговото и на владеењето на следните два наследници, Кајкавус I и Кајкубад I, селџучката моќ во регионот го дистигнала својот врв. Најважното постигнување на Кајхусрав било освојувањето на пристаништето Аталија (Анталија) на Средоземното Море во 1207 година. Неговиот син Кајкавус го освоил Синоп и го направил Трапезунтското Царство свој вазал во 1214 година. Тој ја потчинил киликиска Ерменија, но во 1218 година бил принуден на го предаде Алеп, кој го освоил од ал-Камил. Кајкубад продолжил да освојува земји покрај брегот на Средоземното Море од 1221 до 1225 година. Во 1220те, тој испратил експедиција преку Црното Море до Крим.[5] На исток тој ги поразил Менгуџегидите и им вршел притисок на Артукидите.

 
Караванската станица Ханабад во Чардак (1230)

Кајхусрав II (1237-1246) го започнал своето владеење со освојувањето на регионот Дијарбекир, но во 1239 година тој морал да се справи со востаните предводено од популарниот проповедник Баба Ишак. По три години, кога конечно го пригушил востанитето, териториите на Кримскиот Полуостров биле изгубени и државата и војската биле ослабнати. Во вакви услови тој морал да се соочи со поопасна закана, се посилните Монголи. Монголските сили го освоиле Ерзурум во 1242 година, а во 1243 година, султанот бил катастрофално поразен од Бајџу во Битката кај Косе Даг (планина меѓу градовите Сивас и Ерзинџан) и Турците Селџуци морале да ветат верност на Монголците и станале нивни вазали.[3] Самиот султан побегнал во Анадолија по битката од 1243 година, каде умрел во 1246 година, а со неговата смрт започнал период на тројно, па потоа двојно водство кое траело до 1260 година.

Селџучките територии биле поделени меѓу трите сина на Кајхусрав. Најстариот, Кајкавус II (1246-1260), владеел во областа западно од реката Кизил. Неговите помали браќа Килиџ Арслан IV (1248-1265) и Кајкубад II (1249-1257), владееле со териториите источно од реката под монголска власт. Во октомври 1256 година, Бајџу го победил Кајкавус II во близина на Аксарај и целата Анадолија била официјално под власта на канот Мунке. Во 1260 година, Кајкавус II побегнал од Конија на Крим, каде умрел во 1279 година. Килиџ Арслан IV бил погубен во 1265 година и Кајхусрав III (1265-1284) станал номиналниот владетел на цела Анадолија, каде вистинската моќ била или во рацете на Монголците или во рацете на влијателните регенти.

 
Се послабиот Икониски Султанат, вазал на Монголите и новопојавените бејлици околу 1300 година.

Селџучката држава започнала да се дели на мали емирати (бегства) кои сè повеќе се дистанцирале од монголска и селџучка контрола. Во 1277 година, на барање од Анадолија, мамелучкиот султан Бејбарс ја нападнал Анадолија и ги поразил Монголците и привремено се поставил како управник на селџучката држава. Но, бидејќи локалните сили кои го повикале во Анадолија не се појавиле во одбрана на земјата, тој морал да се врати дома во Египет, и монголската управа повторно била вратена, официјално и со тешки казни.

Кон крајот на своето владеење, Кајхусрав III барал директна власт само на териториите околу Конија. Некои од бегства (вклучувајќи ги Отоманите при нивните почетоци) и селџучките гувернери на Анадолија продолжиле да ја признаваат, само формално, надмоќта на султанот во Конија, доставувајќи ја хутбата во име на султаните во Конија како признание на нивната власт и султаните продолжиле да се нарекуваат Фахредин, Гордоста на исламот. Кога Кајхусрав III бил погубен во 1284 година, селџучката династија претрпела уште еден удар од внатрешните немири кои траеле до 1303 година, кога синот на Кајкавус II, Месуд II, се наметнал како султан во Кајсери. Тој бил убиен во 1307 година, како и неговиот син Месуд III набрзо потоа. Подалечен роднина на селџучката династија се прогласил себеси за емир на Конија, но тој бил поразен и неговите земји биле освоени од Караманидите во 1328 година. Монетарната сфера на султанатот траела малку подолго и монети ковани од Селџуците, главно се сметале од добра вредност и продолжиле да се користат низ 14 век, дури и од Отоманите.

Уметност и архитектура

уреди
 
Кизил Куле (Црвената кула) изградена помеѓу 1221-1226 од Кајкубад I во Аланија.

Исклучителниот период на напредок во Анадолија траел меѓу 12 и 13 век, помеѓу Крстоносните војни и Монголската инвазија, е означен со одлични дела во архитектурата и декоративната уметност.

Меѓу овие, караванските станици (или анови), биле користени како станици, трговски центри и одбрана на караваните и околу стотина од сите изградени за време на анадолските Селџуци, се навистина неверојатни. Нивната неспоредлива концентрација на времето и анадолската географија претставуваат некои од најпрепознатливите и најимпреисвните конструкции во велата историја на исламската архитектура.

 
Инџе минаре, медреса (школа) од 13 век, сместена во Конија.

Најголемата караванска станица е Султан Хан од 1229 година на патот меѓу градовите Конија и Аксарај, во гратчето Султанхани, зависно на Аксарај, и зафаќало 3900 квадратни метри. Постојат две каравански станици кои го носат името “Султан Хан”, а оваа втората е меѓу градовите Кајсери и Сивас. И тоа не само Султанхани, пет други града низ Турција ги добиле своите имиња по караванските станици кои биле изградени таму. Тие се Алаџахан во Кангал, Дураган, Хекимхан и Кадинхани, како и гратчињата Акхан во градскиот дел на Денизли. Караванската станица кај Хекимхан е единствена по тоа што под вообичаениот натпис на арапски јазик за информации во врска со зградата, има два натписи на ерменски и сириски јазик, поради тоа што била изградена од докторот (екимот) на Кајкубад I за кој се смета дека бил христијанин по потекло и дека ја прифатил исламската вера. Има и други случаи како населувањето на местото Калехисар (во близина на древното хетско пронаоѓалиште) во близина на Алаџа,

 
Дирхам од Кајхусрав II, кован во Сивас 1240-1241 година.

основано од селџучкиот командант Хисамедин Темурлу кој побегнал во регионот по поразот во Битката кај Косе Даг и го основал гратчето со замок, медреса, зона за живеење и караванска станица, кои биле напуштени околу 16 век. Сите градби биле истражени во 1960те од историчарот на уметноста Октај Асланапа, осен караванската станица, која сè уште не е откриена. И овие откритија како и одреден број на документи го докажуваат постоењето на сликовитата населба на тоа место, како и османски ферман кој го советува водачот на медресата да се смести во караванската станица, наместо во школата.

Династијата

уреди

Во врска со имињата на султаните, тие биле варијанти во форма и изговор во зависност од употребата од еден или друг извор, дали било тоа за верност во транскрипција на персиската варијанта на арапското писмо кое го користеле султаните, или за совпаѓање со модерната турска фонологија и правопис. Некои султани имале по две имиња за кои избирале да ги користат алтернативност како знак на нивното наследство. Додека двете палати изградени од Алаедин Кајкубад I го носат името Кубадабад палата и Кајкубадије палата, тој својата џамија во Конија ја нарекол Алаедин џамија и пристанишниот град Аланија кое што го освоил како “Алаја”. Слично на тоа, медресата изградена од Кајхусрав I во Кајсери, во комплексот (кулије) посветен на неговата сестра Гевхер Несибе, била наречена Гијасије медреса, а онаа изградена од Изедин Кајкавус I во Сивас е наречена Изедије медреса.

Султан Владеење Останати белешки
1. Куталмиш 1060–1064 Се натпреварувал со Алп Арслан за наследувањето на престолот на Селџучкото Царство.
2. Сулејман ибн Кутулмиш 1075-1077 де факто владеел со Туркмените околу Изник и Измит; Од 1077–1086 признат како икониски султан од Малик I Основач на анадолскиот Икониски Султанат со главен град во Изник
3. Килиџ Арслан I 1092–1107 Прв султан во Конија
4. Малик Шах 1107–1116
5. Масуд I 1116–1156
6. 'Из ал-Дин Килиџ Арслан II 1156–1192
7. Гијат ал-Дин Кајхусрав I 1192–1196 Прво владеење
8. Рукн ал-Дин Сулејман II 1196–1204
9. Килиџ Арслан III 1204–1205
Гијат ал-Дин Кајхусрав I 1205–1211 Второ владеење
10. 'Из ал-Дин Кајка'ус I 1211–1220
11. 'Ала ал-Дин Кајкубад I 1220–1237
12. Гијат ал-Дин Кајхусрав II 1237–1246 По неговата смрт, султанатот бил поделен сè до 1260 година, кога Килиџ Арслан IV останал единствениот владетел
13. 'Из ал-Дин Кајка'ус II 1246–1260
14. Рукн ал-Дин Килиџ Арслан IV 1248–1265
15. 'Ала ал-Дин Кајкубад II 1249–1257
16. Гијат ал-Дин Кајхусрав III 1265–1284
17. Гијат ал-Дин Масуд II 1284–1296 Прво владеење
18. 'Ала ал-Дин Кајкубад III 1298–1302
Гијат ал-Дин Масуд II 1303–1308 Второ владеење

Дополнителни информации

уреди

Наводи

уреди
  1. Grousset, Rene, The Empire of the Steppes: A History of Central Asia, (Rutgers University Press, 2002), 157; "...the Seljuk court at Konya adopted Persian as its official language.".
  2. Alexander Kazhdan, “Rūm” The Oxford Dictionary of Byzantium (Oxford University Press, 1991), vol. 3, p. 1816.
  3. 3,0 3,1 John Joseph Saunders, The History of the Mongol Conquests, (University of Pennsylvania Press, 1971), 79.
  4. Sicker, Martin, The Islamic world in ascendancy: from the Arab conquests to the siege of Vienna , (Greenwood Publishing Group, 2000), 63-64.
  5. A.C.S. Peacock, "The Saljūq Campaign against the Crimea and the Expansionist Policy of the Early Reign of 'Alā' al-Dīn Kayqubād" Journal of the Royal Asiatic Society, Vol. 16 (2006), pp. 133-149.

Извори

уреди
  • Bosworth, C. E. (2004). The New Islamic Dynasties: a Chronological and Genealogical Manual ISBN 0-7486-2137-7. Edinburgh University Press.
  • Bektaş, Cengiz (1999). Selcuklu Kervansarayları, Korunmaları Ve Kullanlmaları üzerine bir öneri: A Proposal regarding the Seljuk Caravanserais, Their Protection and Use ISBN 975-7438-75-8 (турски и англиски).
  • Yavuz, Ayşıl Tükel. „The concepts that shape Anatolian Seljuq caravanserais“ (PDF). ArchNet. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-04.
  • „List of Seljuk edifices“. ArchNet. Архивирано од List: изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2007-04-05.