Отвори го главното мени
Хутба

Хутба (арапски: خطبة‎‎) е муслиманска проповед која ја врши имамот за време на петочните пладневни молитви во џамиите, како и за време на празниците.

Лицето кое ја изложува хутбата се нарекува хатиб. Вообичаено хатиб е имамот, но понекогаш двете улоги може да бидат држени од посебни лица.

Хутбата ѝ претходи на молитвата. Хатибот се качува на минберот и од него стоејќи го држи говорот. Хутбата обично почнува со славењето на Алах и неговиот пророк. Петочната хутба е составена од два дела кои се разделени со краток момент на тишина и размислување. Искусен имам-хатиб често ја изложува проповедта во облик на римувана проза.

Хутбата исто така се чита во посебни случаи (избавување од суши, глад, епидемии, итн.). Во средниот век хутбата исто така била молитва за здравје на калифот и месниот управник.