Икер-Рандов (германски: Uecker-Randow) — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на некогашните окрузи Пазевалк, Икерминде и дел од округот Штразбург. На 4 септември 2011 бил припоен кон новиот округ Западна Померанија-Грајфсвалд.

Икер-Рандов
Landkreis Uecker-Randow

округ
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
Укинат2011
СедиштеПазевалк
Површина
 • Вкупна1,635 км2 (631 ми2)
Население (2010)
 • Вкупно72.137
 • Густина44/км2 (110/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.UER
Мреж. местоuecker-randow.de

Соседни окрузи му биле (од југ надесно) Укермарк во Бранденбург, Мекленбург-Штрелиц и Источна Западна Померанија. На исток се наоѓало Западнопоморското Војводство во Полска.

  Грбот прикажува грифон лево и орел на десната страна. Грифонот е симбол на Померанија, додека орелот е симбол на Бранденбург. Историски, територијата на округот била поделена помеѓу овие две држави. Кулата во средина ја претставува големата кула во Пазевалк, административното седиште на округот. Брановитите линии долу се за двете главни реки (Икер и Рандов), од кои потекнува името на округот, како и за Шчеќинскиот Залив во Балтичкото Море.

Градови и општини

уреди
Слободни градови
  1. Пазевалк
  2. Штрасбург
  3. Икерминде
Општински заедници
  1. Албек
  2. Алтварп
  3. Егезин1, 2
  4. Грамбин
  5. Хинтерзе
  6. Леополдсхаген
  7. Липгартен
  8. Либс
  9. Луков
  10. Мајерсберг
  11. Менкебуде
  12. Торгелов-Холендерај
  13. Фогелзанг-Варзин
  1. Бергхолц
  2. Бланкензе
  3. Бок
  4. Глазов
  5. Грамбов
  6. Краков
  7. Лекниц1
  8. Надрензе
  9. Пенкун2
  10. Плевен
  11. Рамин
  12. Росов
  13. Ротенклемпенов
  1. Алтвигсхаген
  2. Фердинандсхоф
  3. Хамер на Икер
  4. Хајнрихсру
  5. Хајнрихсвалде
  6. Ротемил
  7. Торгелов1, 2
  8. Вилхелмсбург
  1. Блуменхаген
  2. Брициг
  3. Дамеров
  4. Фаренвалде
  5. Грос Луков
  6. Јацник
  7. Клајн Луков
  8. Кобленц
  9. Кругсдорф
  10. Ниден
  11. Папендорф
  12. Полцов
  13. Ролвиц
  14. Шенвалде
  15. Фирек
  16. Церентин
  17. Цизедом
1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

уреди

53°35′N 14°00′E / 53.58° СГШ; 14.0° ИГД / 53.58; 14.0