Мекленбург-Штрелиц (округ)

Мекленбург-Штрелиц (германски: Mecklenburg-Strelitz) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил создаден со спојување на трите претходни окрузи Нојбранденбург, Нојштрелиц и Штрасбург во 1994. На 4 септември 2011 бил припоен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област. Се граничел со (од север надесно) окрузите Демин, Источна Западна Померанија, Икер-Рандов, окрузите Укермарк, Горен Хафел и Источен Пригниц-Рупин во Бранденбург, како и округот Мириц. Слободниот град Нојбранденбург бил скоро целосно опкружен од округот.

Мекленбург-Штрелиц
Mecklenburg-Strelitz

округ
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
Укинат2011
СедиштеНојштрелиц
Површина
 • Вкупна2,089 км2 (0,807 ми2)
Население (2010)
 • Вкупно77.509
 • Густина37,000/км2 (96,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.MST
Мреж. местоmecklenburg-strelitz.de

Историја

уреди

Името на округот потекнува од истоименото војводство. Ова војводство било основано во 1701 откако поранешното војводство Мекленбург-Гистров престанало да постои. Областа на округот е скоро иста како таа со територијата на старото војводство. Старото војводство вклучувало енклава околу Рацебург, кој денес се наоѓа во Шлезвиг-Холштајн. Јужните делови на постариот Мекленбург-Штрелиц се ширеле до градот Фирстенберг, кој денес припаѓа на округот Горен Хафел во Бранденбург. Седиште на војводството бил градот Штрелиц, кој бил целосно уништен во пожар во 1712. По оваа катастрофа војводата наредил да се изгради нов град на брегот на малото езеро наречено Циркско Езеро. Градот го добил името Нојштрелиц (буквално: „Нов Штрелиц“).

  Главата на бик на жолта позадина е грбот на војводите на Мекленбург. Кулата стои за замокот во Штаргард, долгогодишно седиште на војводите на Мекленбург од неговата изградба во XIII век; останал најсеверен замок на планина во денешна Германија. Малтешкиот крст ги претставува поседите на Малтешкиот ред на територијата пред 1648.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Слободни општини
  1. Нојштрелиц
  1. Фелдбергер Зенландшафт
Општински заедници
  1. Дацетал
  2. Ајхорст
  3. Фридланд1, 2
  4. Галенбек
  5. Генцков
  6. Глинке
  1. Миров1, 2
  2. Приперт
  3. Рогентин
  4. Везенберг2
  5. Вустров
  1. Бланкензе
  2. Блуменхолц
  3. Карпин
  4. Годендорф
  5. Гринов
  6. Хоенцириц
  7. Клајн Филен
  8. Крацебург
  9. Меленбек
  10. Узерин
  11. Вокул-Дабелов
  1. Безериц
  2. Бланкенхоф
  3. Брун
  4. Недемин
  5. Нојенкирхен
  6. Неферин1
  7. Шпонхолц
  8. Штавен
  9. Троленхаген
  10. Вогерзин
  11. Вулкенцин
  12. Цирцов
  1. Бург Штаргард1, 2
  2. Камин
  3. Келпин
  4. Грос Немеров
  5. Холдорф
  6. Линдетал
  7. Прагсдорф
  8. Тешендорф
  1. Грос Милцов
  2. Хелпт
  3. Кубланк
  4. Милдениц
  5. Нецка
  6. Петерсдорф
  7. Шенбек
  8. Шенхаузен
  9. Фогтсдорф
  10. Волдег1, 2
1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

уреди

53°25′N 13°15′E / 53.42° СГШ; 13.25° ИГД / 53.42; 13.25