Иванова Ливада (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Иванова Ливада“
| |
Местоположба | 41°17′53″N 20°54′5″E / 41.29806° СГШ; 20.90139° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | ран среден век |
Портал „Археологија“ |
Иванова Ливада или Икона — археолошко наоѓалиште во селото Велмеј во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Во јужниот дел на именуваната нива, која лежи лево од патот Велмеј - Лешани, на 1 км југозападно од селото, се наоѓа, зарамнета височинка формирана од урнатини на црковна градба. На нејзината средина стои бигорна плоча со димензии: 1.37 × 0.745 (0.685) × 0.11 м. Во горниот дел е вдлабена полукружна ниша(0.23 × 0.18 × 0.03 м), покрај која лево и десно е вдлабен натпис во три реда со старословенски букви (во транскрипција: ПРИЛ.. РИСТО ГОРГИО..) Своевремено плочата била дел од надгробна конструкција. Наоколу се забележуваат остатоци од основата на надградбата.[1]
Поврзано
уреди- Бучишта — населба со некропола од доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
- Велмешко Градиште — утврдена населба од бронзеното време;
- Вишин Дол — утврдена населба и топилница од доцноантичкото време;
- Гладница — населба од доцноантичкото време;
- Горица — населба од развиеното средновековие;
- Горни Јаворец — топилница од доцноантичкото време;
- Горнополско Градиште — утврдена населба од раниот Среден век;
- Грамаѓе — некропола од железното време;
- Икона - Блато — раносредновековна некропола;
- Калуѓерица — раносредновековна некропола;
- Кутлина — населба од неолитското, енеолитското, бронзеното и железното време, и раносредновековна некропола;
- Манастириште — средновековен сакрален комплекс;
- Оџа Бавча — раносредновековна некропола;
- Пашина Горица — некропола од доцноантичкото време;
- Петте Дабје — некропола од доцноантичкото и римското време;
- Пештера Јаорец — Засолниште од палеолитското време;
- Писан Камен — некропола од железното време;
- Попов Дол — некропола од доцноантичкото време и раниот Среден век;
- Селиште Јаорец — населба од развиениот и доцниот среден век;
- Селце — населба од развиеното средновековие;
- Скала — раносредновековна населба и некропола;
- Скала — топилница од доцноантичкото време;
- Средна Горица — ранословенска некропола;
- Црквиште — раносредновековна црква и некропола;
- Шивлица — раносредновековна црква;
- Велмеј;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 242, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |