Шивлица (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Шивлица“
| |
Местоположба | 41°18′00″N 20°53′45″E / 41.30000° СГШ; 20.89583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Велмеј |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | ран среден век |
Портал „Археологија“ |
Шивлица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува црква од раниот среден век.
На околу 100 м северозападно од селото, северно од наоѓалиштето Попов Дол, над горниот меѓуселски пат Велмеј-Горно Средоречие има пошумена ридеста падина на која се наоѓаат остатоци од урната црква. Се забележуваат купишта од градежен материјал, со правец на протегање север-југ (отстапување североисток-југозапад), а со вкупни димензии од 20 × 6 м. Апсидната ознака се наоѓа во источниот дел од јужната половина на урнатината. Ова најверојатно е во врска со населбата и гробиштата од Попов Дол и Калуѓерица.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 9989-649-28-6.